skip to Main Content

Лила Филиповска и Рон Холси гости во „Вечер со Тијана“ (ВИДЕО)

Лила Филиповска и Рон Холси гости во „Вечер со Тијана“ (ВИДЕО)
  • 14.07.2018

Македонската јавност го запозна како црномурестото момче кое ја пееше „Јовано Јованке“ во дует со Тијана. За да ви биде малку појасно, слушнете ја песната:

Иако македонскиот јазик не е негов мајчин, сепак одлично го владее. Рон Холси е момче од Соединетите Американски Држави, поточно од Мериленд, Лос Анџелес е негов дом, а Србија, српската музика и девојки се неговата слабост. Токму затоа и одлично го познава нивниот јазик, а песните ги пее со толку голема емоција. Приказната на Рон Холси ќе може да ја слушнете вечерва во „Вечер со Тијана“ со почеток во 20 часот. Пред снимањето на емисијата Рон сподели дека му се допаѓа што е во Скопје, исто така и Скопје му се допаѓа.

„Ми се допаѓа, дојдов вчера во Скопје, многу убав град е, многу е фино, храната е прекрасна, луѓето се многу добри. Жал ми е што ми требаше многу време да стигнам овде, ова ми е прв пат и уживам“, вели Рон.

Запознавањето со Тијана било преку нивни заеднички пријатели, а од таму и произлегла нивната соработка.

„Јас ја запознав Тијана преку наши заеднички пријатели во Белград,  тоа се момци од македонија кои го режираа моето видео и еден ден ние имавме забава и и реков на Тијана дека ја знам песната „Јовано Јованке“ и таа ми рече: „Во ред, дај да те слушнам“. И ние ја отпеавме заедно, и звучеше многу добро и си рековме „би требало ова да го снимиме ова заедно“ и така направивме“, раскажа Рон.

Рон е всушност сценарист кој работи на цртани филмови за Дизни, неодаман Рон Холси беше дел од црвениот тепих на доделувањето на „Еми наградите“. Вели македонски збор што го знае е „туршија“ но ќе се потруди да научи уште некој збор. Но што е со македонските песни, дали ги познава?

„Се надевам дека ќе ја научам „Зајди зајди“, знам неколку други „Македонско девојче“, кога ја слушнав ми се допадна. Не ги знам доволно, но ги сакам тие ритмови и музиката има емоција …Како да постоеле овие песни отсекогаш ,  знам дека се стари но се чувстува како да постоеле со самиот почеток на новата ера. Го сакам тоа кај песните“, вели Рон.

Кога на почетокот спомнавме дека србинките му се омилени, доказ е песната „Српкиња“ која во оригинална верзија е на OMI, слушнете ја компарацијата…

Рон во „Вечер со Тијана“ ќе ѝ прави друштво на Лила Филиповска. Која по авантурата што ја имаше над Охридското езеро со летање параглајдер, ја седнавме на жешкото столче во „Вечер со Тијана“. Лила во изјавата за 1ТВ, вели дека не е подоготвена да запее, но ќе остане ли на тоа, ќе дознаеме вечерва. Но во едно сме сигурни, оро и валцер сигурно дека ќе се игра.

Лила македонската јавност ја запозна токму од вакви и слични шоуа кај нас, ток емисии кои се емитуваа на една домашна телевизија. „Несоница“ со Мишко Барзов беше едно од најгледаните во тоа време. Вели дека за подготовка на една ваква емсија е потребно да се има добра екипа која ќе го осмисли и изреализа тоа и дека воопшто не е лесно.

 

Лила банкарот се уште не го дава, а уште помалку „Се или нешто“. Но би прифатила нов проект доколку тоа ѝ е предизвик. Интересен спој во „Вечер со Тијана“. Не ја пропуштајте последната емисија од оваа прва сезона. Лила Филиповска и Рон Холси вечерва во 20 часот. Ќе биде интересно!

Back To Top