skip to Main Content
ТОП ВЕСТИ
Жрепка за редоследот на претседателските кандидати на гласачкото ливче
Власта и опозицијата со стари позиции во нов обид да се усогласат за СЈО
Втора средба на Заедничкиот комитет на експерти од Северна Македонија и Грција
Нови рочишта за „Монструм“, „Тарифа“ и „Триста“
МИМ ќе ја додели наградата „Никола Младенов“ за најдобра истражувачка сторија
НАЦИОНАЛНАТА ТЕЛЕВИЗИЈА 1ТВ СИТЕ ГЛЕДАЧИ МОЖАТ ДА ЈА СЛЕДАТ НА КАБЕЛСКИТЕ ОПЕРАТОРИ: MAXTV; VIP; TELEKABEL; NEOTEL; ONE.VIP; TOTAL TV
ЗА СЛЕДЕЊЕ НА ПРОГРАМАТА ВО ЖИВО: WWW.LIVE.1TV.MK
ПРОСЛЕДЕТЕ ГИ СИТЕ ВИДЕО СОДРЖИНИ НА YouTube КАНАЛОТ НА 1ТВ

Лазовски за проблемот со натурализираните Американки: Немаме никаква почит од ФИБА (ВИДЕО)

Лазовски за проблемот со натурализираните Американки: Немаме никаква почит од ФИБА (ВИДЕО)
  • 15.11.2018

Mакедонската женска кошаркарска репрезентација во завршните два натпревари од квалификациите за пласман на следното Европско првенство, против Шведска и против Хрватска ќе настапи сериозно подмладена, но и ослабена.

Селекторот Марјан Лазовски во изјава за 1ТВ потврди дека Муса, Антиќ, Тантуровска и Трајчевска  не се во коминација за настап поради повреда додека проблемот со натурализираните Криси Гивенс и Дјуана Бонер е многу покомплексен.

„Поради, наводно некои технички проблеми, ФИБА не ѝ дозволува на Бонер да настапи за Македонија и покрај македонскиот пасош. Кога ќе навлеземе подетално доаѓаме до заклучок дека влијанијата на останатите репрезентации кои се во нашата група се многу посилни отколку нашите. Бонер ќе ги пропушти дуелите поради фактот што на Шведска и треба гостинска победа со повисока кош-разлика. Но, ваквов низок третман од ФИБА нема само Македонија, туку сите оние репрезентации со слаб рејтинг. Ваквите работи навистина не ми се јасни“, вели Лазовски, кој исто така го објасни и отсуството на Гивенс.

„Гивенс не може да дојде за дуелот со Шведска, единствено би можела за гостинскиот со Хрватска. Сепак, лично сметам дека треба шанса да им дадам на останатите млади кошаркарки кои од првиот ден се подготвуваат за претстојните натпревари“, додаде Лазовски.

Македонија в сабота во СЦ „Јане Сандански“ ќе ја пречека Шведска, додека на 21 ноември ќе го комлетира циклусот со гостување во Хрватска. По четири кола, нашата најдобра женска репрезентација со исто толку порази е на последното место во Групата без шанси за пласман на континенталниот собир кој ќе игра следната година во Летонија и во Србија.

Во продолжение целиот разговор на селекторот Марјан Лазовски и капитенот Анџелика Митрашиновиќ во отвореното студио 1 на 1ТВ…

1tv.mk: Преземањето на авторски содржини обајавени на оваа страница е дозволено само делумно (маx. до 30 насто од содржината) и со ставање хиперлинк до содржината којашто се цитира. Непридржувањето до ова правило ќе значи крадење на информациите и соодветно ќе се санкционира од страна на BMJ Мedia Group, согласно позитивните законски норми.

Back To Top