skip to Main Content

Лазар Лечиќ е феномен што еднаш се раѓа – разговор во Студио 1

Лазар Лечиќ е феномен што еднаш се раѓа – разговор во Студио 1
  • 09.05.2019

Лазар Лечиќ важи за еден од основоположниците на кошарката и развојот на овој спорт во нашата земја. Тој денеска доби посебна и свечена почест на церемонијата која се одржа во хотелот „Александа Палас“ во Скопје. На оваа тема гости во Отвореното Студио 1 со уредничката Анета Кочишки беа Зоран Михајловски, негов другар од младоста и спортски новинар и Благоја Георгиевски Буштур некогашен играч.

-Претходно ја видов приредбата, ја имав во глава, затоа што со колегата Мирослав Наумовски го подготвувавме сценариото за сето тоа, но пак зависевме од тоа кој ќе дојде. Тешко да се приреди вакво нешто е затоа што доколку треба да се напише книга за него, ќе треба тоа да бидат повеќе книги бидејќи има богата кариера, кошаркарски опус како ретко кој не само кошаркарски туку воопшто на овие балкански подебја и подалеку, рече Михајловски.

Георгиевски вели дека идејата за ваква церемонија започнала минатата година во Србија каде добил големи почести, па си помислил да се направи слична манифестација за Лечиќ за кој вели дека е реформатор во кошарката.

-Посебно сум горд што ги видов оние спортски легенди со кои во времето сум играл и да бидат гости во овој град по повод 80 години Лазар Лекиќ. Идејата почна минатата година кога требаше со Лазо да одам во Белград на нивната академија по повод 75 години Сојуз и 90 години кошарка во Србија, но Лазо не можеше од здравствени причини и кога отидов таму такви почести добив и си помислив зошто да не го направиме ова за еден човек како Лазар Лечиќ, што навистина дал за оваа кошарка, тој е реформатор. Така уште таму почна таа идеја, објаснува Георгиевски.

Целиот разговор можете да го погледнете во видеото:

Back To Top