skip to Main Content
ТОП ВЕСТИ
Германски печат: ЕУ земјите подготвени да ја прифатат само Северна Македонија
Расмусен: Земјите од ЕУ не можат да ѝ ја негираат на Македонија иднината што ја бара
Шекеринска: Земјава за една година направи скок од 23 места во однос на стабилноста
Новата амбасадорка на САД во земјава положи свечена заклетва
Сведок од УБК: До системот за прислушување се пристапуваше и надвор од МВР, од поранешниот Аеро клуб
Министерството за правда ги објави извештаите од надзорот во судовите за АКМИС системот
ОН: Светот до 2050 година ќе брои 9,7 милијарди луѓе
ЗА СЛЕДЕЊЕ НА ПРОГРАМАТА ВО ЖИВО: WWW.LIVE.1TV.MK
ПРОСЛЕДЕТЕ ГИ СИТЕ ВИДЕО СОДРЖИНИ НА YouTube КАНАЛОТ НА 1ТВ
НАЦИОНАЛНАТА ТЕЛЕВИЗИЈА 1ТВ СИТЕ ГЛЕДАЧИ МОЖАТ ДА ЈА СЛЕДАТ НА КАБЕЛСКИТЕ ОПЕРАТОРИ: MAXTV; VIP; TELEKABEL; NEOTEL; ONE.VIP; TOTAL TV

Кучиња-помошници за лица со хендикеп и во автобусите на ЈСП – разговор во Студио 1

Кучиња-помошници за лица со хендикеп и во автобусите на ЈСП – разговор во Студио 1
  • 13.05.2019

Македонија е млада демократија која сѐ уште учи како треба да се почитуваат правата на луѓето со посебни потреби. Зоран Велески и неговиот син Александар неодамна имале непријатна ситуација, кога не им било дозволено да влезат во жичарницата заедно со кучето-придружник Бен за да го посетат крстот на Водно. По немилата случка, ЈСП воведе новитет – жичарницата и автобусите да бидат отворени за лица со инвалидитет со кучиња-придружници.

-Констатиравме од икс примери во регионов и европските земји, каде што имаат слободен пристап до јавни институции и слично, дека треба да го земеме примерот и да тргнат од нас и другите јавни институции и да дадеме поддршка затоа што овие кучиња-придружници се своевидна лева рака на лицата меѓу кои се наоѓа и Александар, вели портпаролката на ЈСП Деспина Трајковска Димова.

-Кучето е навистина големо, но не е опасно. Не знам што им е на луѓето, зошто се плашат. Дали се плашат од луѓе? Кучето не може да им направи ништо, не е агресивно, а го носи и појасот за service dog. Тој е директно дресиран за лица со посебни потреби и не може да нападне, освен ако го нападнат Александар и ако тој му даде команда да го заштити, инаку нема шанси, вели таткото на Александар, Зоран Велевски.

Александар вели дека Бен секогаш ги слуша командите, иако има сопствен карактер.

Целиот разговор можете да го погледнете во видеото.

Back To Top