skip to Main Content
ТОП ВЕСТИ
Судењето за „27 април“ одложено за 31 јануари, Русковска информира дека во обвинението нема суштински измени
Сослушано обезбедувањето, блиски роднини на Груевски нема да сведочат
Нови рочишта за „Топлик“ и за убиството на Саздовски
Отровен воздух и привремени мерки: бесплатен превоз во ЈСП, за два дена продолжен зимски распуст и два дена скијање во Маврово за децата
Во Грција почнуваат парламентарните процедури за ратификација на Договорот од Преспа
Нимиц ја повика Грција да го ратификува Преспанскиот договор
Делегација на Собранието на зимската сесија на ПССЕ во Стразбур
НАЦИОНАЛНАТА ТЕЛЕВИЗИЈА 1ТВ СИТЕ ГЛЕДАЧИ МОЖАТ ДА ЈА СЛЕДАТ НА КАБЕЛСКИТЕ ОПЕРАТОРИ: MAXTV; VIP; TELEKABEL; NEOTEL; ONE.VIP; TOTAL TV
ЗА СЛЕДЕЊЕ НА ПРОГРАМАТА ВО ЖИВО: WWW.LIVE.1TV.MK
ПРОСЛЕДЕТЕ ГИ СИТЕ ВИДЕО СОДРЖИНИ НА YouTube КАНАЛОТ НА 1ТВ

Крводарителите мотивирани, но дали функционира системот – Разговор во Студио 1

Крводарителите мотивирани, но дали функционира системот – Разговор во Студио 1
  • 10.01.2019

Пред два дена ревизорски извештај покажа дека дел од даруваната крв завршува на отпад поради несоодветно пакување. Анета Валкановска од Црвен Крст верува дека веста нема да ги демотивира крводарителите затоа што Институтот за трансфузиологија е институција со реноме и дека веројатно има објаснување зошто е така.

Директорот на трансфузиологија, пак, во допис за 1ТВ образложи дека крводарителските акции се распоредуваат за да има континуиран прилив на крв и крвни компоненти и заради нивно рационално користење.

Како што објаснува Валкановска, Црвен Крст е одговорен за популаризирање и организирање на крводарителските акции, а Институтот за трансфузиологија за процесите од вадењето на крвта до нејзината обработка и дистрибуција.

-Годишно на ниво на Македонија се планираат 55.000 единици крв, а претходните години планот бил постигнуван, со одреден процент вишок, ако крводарителите се мотивирани, вели Валкановска и додава дека и покрај фрлените количини, недостаток на крв нема.

Целиот разговор погледнете го во видеото.

1tv.mk: Преземањето на авторски содржини обајавени на оваа страница е дозволено само делумно (маx. до 30 насто од содржината) и со ставање хиперлинк до содржината којашто се цитира. Непридржувањето до ова правило ќе значи крадење на информациите и соодветно ќе се санкционира од страна на BMJ Мedia Group, согласно позитивните законски норми.

Back To Top