skip to Main Content
ТОП ВЕСТИ
Атина бара исполнување на сите обврски од Договорот од Преспа
Пратеници бараат изборен модел со една изборна единица
Тимот на СЈО разрешен, предметите во рацете на Јовески
ВМРО-ДПМНЕ бара смена на Русковска – на шефовското место да седи професор

Кој ќе ќари слобода за „крвавиот четврток“?

Кој ќе ќари слобода за „крвавиот четврток“?
  • 22.12.2018

Очите на јавноста вперени кон амнестијата за собраниските инциденти. Кој ќе добие политичка слобода ќе одлучи судот. Обвинителката Вилма Русковска која го води предметот за крвивот упад од 27 април, од законот толкува дека амнестија ќе добијат пратениците, Крсто Мукоски, Сашо Василевски, Љубен Арнаудов, Љупчо Димовски и Јохан Тарчуловски, но и двајца вработени во Собранието од кабинетот на Вељаноски. Во интервју за 360 степени, Русковска со став дека организаторите на протестите „За заедничка Македонија“, не треба бидат амнестирани. Но, последното мислење ќе го има јавното обвинителство.

„Од овој закон јасно е дека се амнестирани на пример пратениците, двајцата обвинети од кабинетот на поранешниот претседател на собранието Трајко Вељаноски. Според како е сега законот.  За сите останати ќе се одлучи во ЈОРМ. Не се опфатени организаторите. Тоа е мое лично мислење, не значи дека така и ќе остане до крај“, вели обвинителката Вилма Русковска.

Адвокатите на организаторите на протестите со поинаков став, сметаат дека според законот ослободени од обвинение треба да бидат Богдан Илиевски, Игор Дурловски, Владо Јовановски и Борис Дамовски.

Во кривичниот суд обвинетите ги праќаат барањата за амнестија, рокот им истекува во вторник. Дел од нив најавија дека ќе бараат слобода, дел нема.

Бидејќи законот за амнестија не ги опфаќа сите обвинети за крвавиот упад во законодавниот дом, правниците го оценуваат како селективен.

„Решение за амнестија, според одредбите од овој закон го донесува судот, кој ја донел првостепената одлука. Ние првостепена одлука немаме во овој предмет. Сè уште и прашање е кога ќе има, тоа е една од мааните на овој закон. Второ, самата проценка кој, каква улога одиграл, некаде може да биде многу јасно како што е предметот за обидот на убиство на Зијадин Села, таму е јасна ситуацијата, не можат да бидат амнестирани според законот. Но, многу е проблематично во овој предмет“, изјави адвокатот Ѕвонко Давидовиќ.

Амнестија нема да има за организаторите и нарачателите за собранискиот упад од 27 април. Русковска најави, наскоро ќе се отвори истражна постапка за откривање на нарачателите за „крвавиот четврток“.

Игор Стефановски

Back To Top