skip to Main Content
ТОП ВЕСТИ
Премиерот Заев на форум на „Фајненшал тајмс“ за земјите од Западен Балкан
Министрите од ЕУ повторно на состанок околу преговорите со Северна Македонија и Албанија
Могерини-Шекеринска: За нашата земја не постои никаков аргумент дека нешто не е исполнето
Фазлиу на состанокот на Заедничкиот консултативен комитет меѓу Северна Македонија и Комитетот на региони на ЕУ
Форум за антикорупциски реформи во Скопје
САД испраќаат околу илјада војници на Блискиот Исток поради „иранската закана“
ОН: Светот до 2050 година ќе брои 9,7 милијарди луѓе
ЗА СЛЕДЕЊЕ НА ПРОГРАМАТА ВО ЖИВО: WWW.LIVE.1TV.MK
ПРОСЛЕДЕТЕ ГИ СИТЕ ВИДЕО СОДРЖИНИ НА YouTube КАНАЛОТ НА 1ТВ
НАЦИОНАЛНАТА ТЕЛЕВИЗИЈА 1ТВ СИТЕ ГЛЕДАЧИ МОЖАТ ДА ЈА СЛЕДАТ НА КАБЕЛСКИТЕ ОПЕРАТОРИ: MAXTV; VIP; TELEKABEL; NEOTEL; ONE.VIP; TOTAL TV

Кој ја упропастува Шапка – Разговор во Студио 1

Кој ја упропастува Шапка – Разговор во Студио 1
  • 08.01.2019

Од убавината на Шапка како рекреативен и ски центар денес се останати само слики. За ски сезоната, ниту стазите се истапкани, ниту работат ски лифтовите, додека колони автомобили заминуваат за Боровец и Банско, каде што нашите граѓани само лани оставиле 35 милиони евра.

-Иницијативата да се изгради нешто во перспектива не се реализира, станува збор за шестоседот што требаше да се направи. Инаку перманентно се ветуваше дека ќе се направи нешто на Попова Шапка, за да оди напред. И тоа што било е уништено, намерно или не, поради неспособноста на луѓето или незаинтересираноста на власта, вели универзитетскиот професор Мемети Менан и додава дека нема да има ниту Шарпланински Куп, затоа што се потребни значајни инвестиции и организација.

-Откога ја презедоа одредени луѓе, одредени менаџери на Попова Шапка ја уништуваат, бидејќи тие самите не се скијачи. Затоа толку ја сакам Попова Шапка. Да го сакаш тоа место треба да го шеташ и лете и зиме и на пролет, да ги знаеш терените, да знаеш каде да употребиш ратраци или елементи кои треба да ја направат сезоната функционална. Тоа се партиски војници, последни на ранг листата, им требало функција, па рекле дека ќе ги пратат на Шапка, вели архитектот Хамди Сулејмани.

-Тетовчани живеат со Шапка, тоа е класичен пример на пионерскиот дух на тетовчани. Зборуваме за нешто што почнале да го прават во 1947 година. Претходно се почнати подготовките, базите, првите објекти, но скијачките активности на Шапка, заедно со првиот меѓународен натпревар на територијата на Југославија е организиран на Шапка, потсетува Валентин Тасевски, инженер и поранешен скијачки репрезентативец.

Целиот разговор погледнете го во видеото.

Back To Top