skip to Main Content

„Кој сака да ве гледа несреќни? Ако сте несреќни, не се сликајте“: Нови модни критики со Сергеј Варошлија

„Кој сака да ве гледа несреќни? Ако сте несреќни, не се сликајте“: Нови модни критики со Сергеј Варошлија
  • 01.08.2018

Во новото летно издание на емисијата „Мода“ директно од Охрид, богата содржина од модни критики на кои досега сте навикнале да го гледате модниот критичар Сергеј Варошлија излегоа повторно на екраните.

 

„Нефенирани, исчупани, истргани од перика и без никаква енергија во себе. Дали ги гледате? Сите се како полуживи. Зошто девојки млади се сликате вака, си ги ставате устите под нос, изгледате катастрофално и имате мрачен лик? Немате никаква енергија, никаква живост, насмевка, светлина, никаква аура. Зошто да го има ова на социјален медиум? Кој сака да ве гледа несреќна? Ако сте несреќни, не се сликајте. Јас ако сум несреќен, не се сликам. Не дека секогаш сум расположен.“ – беше искрен Сергеј Варошлија.

Веднаш потоа, се надоврза за една Инстаграм девојка која обожава да носи скапоцени работи на себе, за кои, како што вели Варошлија, можеби не знае дека тие се лажни.

 

„Тука имаме една девојка која што, морам да нагласам, сака брендирана гардероба, меѓутоа, кој не може да си ги дозволи брендираните парчиња нека не купува фејк алишта, аксесоари кои немаат лого. “ – дополни Сергеј.

Погледнете ја емисијата „Мода“ со Сергеј Варошлија:

Back To Top