skip to Main Content
ТОП ВЕСТИ
Анагностопулу: Новите гранични премини се нови мостови на пријателство и соработка на Балканот
Соборот на СПЦ е за дијалог со МПЦ
Заев со честитка до Тамара: Одамна не сме биле олку горди
АЕК достави предлог и динамика за намалување на цените во роаминг со Грција
ЗА СЛЕДЕЊЕ НА ПРОГРАМАТА ВО ЖИВО: WWW.LIVE.1TV.MK
ПРОСЛЕДЕТЕ ГИ СИТЕ ВИДЕО СОДРЖИНИ НА YouTube КАНАЛОТ НА 1ТВ
НАЦИОНАЛНАТА ТЕЛЕВИЗИЈА 1ТВ СИТЕ ГЛЕДАЧИ МОЖАТ ДА ЈА СЛЕДАТ НА КАБЕЛСКИТЕ ОПЕРАТОРИ: MAXTV; VIP; TELEKABEL; NEOTEL; ONE.VIP; TOTAL TV

„Кој не правел, не знае“: Свадбата на пејачот Филип Божиновски закажана за септември (ВИДЕО)

„Кој не правел, не знае“: Свадбата на пејачот Филип Божиновски закажана за септември (ВИДЕО)
  • 27.07.2018

Љубовта нема конкретна дефиниција. Таа едноставно раѓа чувство на убава енергија, среќа и многу скокотливи насмевки, нешто што не може да се долови со зборови.

Љубовта е инспирација и од неа почнува се. Тоа најдобро го разбира пејачот Филип Божиновски, кој од неодамна ја побара за жена, својата сакана Сања Митровска.

„На 7-ми март, значи за месец дена од февруари направивме 12 години со Сања. Си реков да не биде на 7-ми март, да не биде очигледно, затоа што веќе сите знаеја дека треба да дојде тој ден кога ќе треба да ја побарам.“ – изјави Божиновски за 1ТВ.

Филип и Сања имаат љубов од 12 години што подразбира многу разбирање, толеранција и меѓусебна почит, што кај луѓето тоа пробудува восхит и е нешто за поздравување кога се работи за љубовните односи во денешно време. Нивната среќа ќе се круниса на 30-ти септември оваа година и со оглед на блискоста на нивниот значаен момент, среќен и исполнет, воодушевено пред камерата на 1ТВ, Божиновски откри како течат подготовките досега.

„Тие важни работи како ресторан, фото студио, музика и такви работи се веќе договорени, но за свадбата, кој не правел не знае, така што има уште мал милион ситни детали кои треба да се решат.“ – вели Филип во интервјуто за 1ТВ.

На новинарското прашање, што кажал таткото на Сања кога Филип ја побарал нејзината рака, тој низ голема радост и смеа изјави: „Да сме среќни, вечно заљубени и многу дечиња.“

Доколку сакате да дознаете повеќе детали за свадбата на младите, погледнете го видеото подолу:

1tv.mk: Преземањето на авторски содржини обајавени на оваа страница е дозволено само делумно (маx. до 30 насто од содржината) и со ставање хиперлинк до содржината којашто се цитира. Непридржувањето до ова правило ќе значи крадење на информациите и соодветно ќе се санкционира од страна на BMJ Мedia Group, согласно позитивните законски норми.

Back To Top