skip to Main Content
ТОП ВЕСТИ
Обвинител врши увид на местото на железничка несреќа во Хиподром каде што во судир на воз и автомобил загина припадник на МВР
Пет дена за барање за амнестија, законот не важи за организаторите и насилниците на упадот во Собранието
Во Кривичен продолжува судењето за „Титаник“
Продолжува комисиската расправа за предлог амандманите на Уставот
Димитров во Брисел на средба на КОРЕПЕР
1ТВ достапна на Тотал ТВ
НАЦИОНАЛНАТА ТЕЛЕВИЗИЈА 1ТВ СИТЕ ГЛЕДАЧИ МОЖАТ ДА ЈА СЛЕДАТ НА КАБЕЛСКИТЕ ОПЕРАТОРИ: MAXTV; VIP; TELEKABEL; NEOTEL; ONE.VIP; TOTAL TV
ЗА СЛЕДЕЊЕ НА ПРОГРАМАТА ВО ЖИВО: WWW.LIVE.1TV.MK

Која земја му помогна на Груевски да стигне во Унгарија – екипите на 1ТВ на линкови од Будимпешта и Белград

Која земја му помогна на Груевски да стигне во Унгарија – екипите на 1ТВ на линкови од Будимпешта и Белград
  • 15.11.2018

Новинарката Кристина Атовска со најновите информации за бегството на поранешниот премиер Никола Груевски во централниот Дневник на 1ТВ. Унгарските медиуми, како што вели, се на нозе и истражуваат дали и која е улогата на унгарските власти.

На редовната прес конференција, владиниот портпарол изјави дека тамошните власти немаат никаква врска со тоа како излегол од Македонија, но за тоа како влегол во Унгарија и дали имале некаква улога во тоа, не даде одговор.

Тој го нагласи фактот дека луѓето од балканските држави патуваат само со лични карти, а потврди и дека Груевски побарал азил од унгарска амбасада која не се наоѓа во Македонија.

По шпекулациите дека Груевски од Македонија излегол во Албанија, а потоа поминал во Црна Гора, унгарските медиуми сепак се поблиски со инсинуациите дека влегол во Унгарија од Србија и веројатно со нечија помош стигнал во Будимпешта.

За постапката за азилот и зошто Груевски не бил испрашуван во транзитните зони како останатите мигранти, властите велат дека тоа не е противзаконски, но потврдија и дека екс премиерот во Унгарија се третира како важна личност.

За тоа што ќе се случува понатаму, претпоставките не се многу оптимистички – во Унгарија се шпекулира дека следна дестинација на Груевски може да биде или Турција или Русија.

Од Белград, новинарот Влатко Чаловски се јавува со интервју на Саша Јанковиќ, еден од лидерите на српската опозиција, кој уште изутрината постави прашање до српските власти дали тие му помогнале на Груевски да дојде во Унгарија.

Чаловски разговараше со српскиот новинар Милан Мишиќ, кој вели дека случајот прераснал во геополитички трилер кој веќе побегнал од регионалната рамка и сега е глобален, по реакцијата на Стејт Департментот дека Груевски треба да биде вратен во Македонија.

-Треба пред сѐ да видиме како премиерот Орбан ќе одговори на барањето од Брисел, да ги почитува нормите на ЕУ. Сценариото според кое би завршил во Русија е исто така веројатно, затоа што знаеме дека во Русија се и некои личности од Србија, а меѓу нив е и сопругата на поранешниот српски претседател Слободан Милошевиќ, Мира Марковиќ. Овој случај не е добредојден од аспект на консолидацијата во Македонија. Не е добредојден ни за Западот, кој е очигледно нестрплив Македонија што побрзо да го затвори досието околу името и да му се приклучи на НАТО, во големата геополитичка игра во која секако учествува и Русија за која се тврди дека не е заинтересирана за расплет на Балканот, туку дека нестабилноста и нерешените проблеми и овозможуваат и натаму да биде важен фактор во овој дел од светот, вели Мишиќ.

Тој очекува дека, доколку се докаже дека Србија имала удел во бегството на Груевски, тоа нема да биде поен во нејзина корист во односите со ЕУ и западот.

Целите линкови од Белград и Будимпешта погледнете ги во видеото.

1tv.mk: Преземањето на авторски содржини обајавени на оваа страница е дозволено само делумно (маx. до 30 насто од содржината) и со ставање хиперлинк до содржината којашто се цитира. Непридржувањето до ова правило ќе значи крадење на информациите и соодветно ќе се санкционира од страна на BMJ Мedia Group, согласно позитивните законски норми.

Back To Top