skip to Main Content

Костадинов: ОЈО по допрен глас да ги истражи шемите на Мицкоски и Груевски за хидроцентралите

Костадинов: ОЈО по допрен глас да ги истражи шемите на Мицкоски и Груевски за хидроцентралите
  • 05.11.2018

Од СДСМ бараат ОЈО по допрен глас да отвори истрага за сомневањата за судир на интереси и спрегата меѓу сегашниот и поранешниот лидер на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски и Никола Груевски за привилегирање на фирмата на првиот при изградбата на малите хидроцентрали.

-Дополнително, го повикуваме Основното јавно обвинителство да ги истражи и основаните сомневања за огранизирано незаконско постапување, да утврди дали во овој случај има и организиран криминал за лично богатење на поединци, изјави портпаролот на СДСМ Костадин Костадинов.

Тој покажа пред камерите документи за кои тврди дека ги поткрепуваат сомневањата и покажуваат дека:

Во време кога Мицкоски му бил советник на Никола Груевски, преку фирмата „Енерготек ДОО Скопје“ во која лично тој има удел, од Владата добил 33 илјади метри квадратни земјиште за изградба на хидроцентрала.

Како што се гледа од овој документ Мицкоски, е еден од сопствените на компанијата „Енерготек ДОО Скопје“. Заедно со компанијата „Минка ДА“ го основаат конзорциумот „Минка-Енерготек“, кој е избран за најповолен понудувач и подоцна го добива земјиштето.

Уделот на фирмата „Енерготек ДОО Скопје“ во конзоцриумот денеска изнесува 99 отсто.

Сомнежите, односно потребата за утврдување на дополнително незаконско постапување или организиран криминал е поради неколку причини:

Во оваа компанија, „Енерготек ДОО Скопје“, покрај Мицкоски сопственик е и Димитар Димовски, член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ.

Димовски е познат како соработник односно лева рака на тогашниот министер за транспорт и врски, Миле Јанакиески, против кого се водат повеќе постапки пред надлежните органи.

Во времето кога оваа компанија го добила земјиштето, односно бизнисот, Димовски извршувал висока функција во Министерството.

Дополнителен сомнеж отвора фактот што фирмата „Енерготек ДОО Скопје“, преку споменатиот конзорциум, добива концесија за користење на Вода за производство на електрична енергија со изградба на хидроцентрала, само два месеци по отворањето.

-Очекуваме Основното јавно обвителство и сите други надлежни институции да постапат и за наодите да ја информираат јавноста, додаде Костадинов.

Back To Top