skip to Main Content

Конфликтот меѓу Израел и Палестина, воено присуство на САД во Ирак – анализа во Студио 1

Конфликтот меѓу Израел и Палестина, воено присуство на САД во Ирак – анализа во Студио 1
  • 06.05.2019

Конфликтот меѓу Израел и Палестина се интензивира, САД испраќаат носач на авиони во Ирак. На овие теми во Отвореното Студио 1 анализираше новинарот Дејан Андоновиќ.

-Конфликтот меѓу Израел и Палестина трае околу 70 години, изминатиот период беше смирен, но изминатите 3 дена се интензивираше. Причина за тоа се истрелани над 400 ракети од страна на „Хамас“. Ова е резултат на потезите кој ги повлече Трамп. Да потсетам САД му дозволија на Израел, Ерусалим да биде главен град што ги подигна тензиите меѓу Арапите и Израелците, рече Андоновиќ.

Андоновиќ се осврна и на носачот на авиони што САД го испратија во Ирак.

-САД го засилуваат военото присуство. Да направи дополнителен притисок врз администрацијата во Техеран. Најголемиот сојузник на САД, Саудиска Арабија има и религиозен и нафтен ривалитет кон Ирак, анализира Андоновиќ.

Целиот разговор можете да го погледнете во видеото.

Back To Top