skip to Main Content

Колку профитираат бизнисите по цена на здравјето на работниците – разговор со Пешевски од Градежниот синдикат

Колку профитираат бизнисите по цена на здравјето на работниците – разговор со Пешевски од Градежниот синдикат
  • 22.01.2019

Откако гледачи ја информираа 1ТВ дека на терен не се почитува забраната за градење во Скопје поради загадувањето, новинарите Кристина Атовска и Христијан Баневски разговараа со заменик претседателот на Градежниот синдикат Иван Пешевски.

-Како синдикат се залагаме да се почитуваат мерките за безбедност и здравје при работа на луѓето, односно не само кога има загадување како овој период, туку и летно време, кога работат на енормно високи или зимно време на енормно ниски температури. Тоа што е на терен и што треба да се почитува или не, не е синдикатот тој што треба да одговори на тие предизвици. Треба надлежните институции, Државниот инспекторат за труд да излезе на терен и да ги открие работодавачите кои ги прекршуваат препораките и мерките, вели тој.

Како што објаснува, Градежниот синдикат во изминатите два дена не добил никаква претставка од работниците, но за жал, во ова време во кое се живее и се работи во државава, мерките не се почитуваат.

-Инспекторатот не работи со полн капацитет, недостасуваат инспектори кои треба да излезат на терен. По претставките за одредени градилишта, податоците на крајот на денот покажуваат дека се оди кај тие што го почитуваат законот, а не на куп објекти кои се градат од фирми кои не почитуваат закони или колективен договор, вели Пешевски.

Целиот разговор со него погледнете го во видеото.

Back To Top