skip to Main Content
ТОП ВЕСТИ
Атина бара исполнување на сите обврски од Договорот од Преспа
Пратеници бараат изборен модел со една изборна единица
Тимот на СЈО разрешен, предметите во рацете на Јовески
ВМРО-ДПМНЕ бара смена на Русковска – на шефовското место да седи професор

Колку македонскиот народ си ја негува својата етнолошка традиција?

Колку македонскиот народ си ја негува својата етнолошка традиција?
  • 10.06.2019

Колку македонскиот народ знае да си ја зачува својата културолошка и етнолошка традиција? Етнолошкото богатство  е бесценето и токму поради тој факт ќе се одржи концерт за да ги потсети граѓаните на традиционалните вредности.

Со танц и песна учениците од прва до четврта година во  музичкото училиште „Илија Николовски Луј“ ќе се обидат да не потсетат на нашата долгогодишна играорна традиција. Името на манифестацијата оваа година е „Дали памтиш мило либе?“. Подетално за посветата на концертот ни објасни професорката по народни ора Благица Илиќ.

Покрај традиционалните познати народни ора, на сцената ќе можат  да се видат и чујат и чалгии, серенади, како и дуети  подготвени и изведени од учениците.

Младите матуранти со кои разговаравме ни кажаа дека ова е една прекрасна традиција која не смее да биде заборавена и дека треба да се цени. Учениците порачаа дека секое дете треба да се запише на играорна.

Со овој концерт се обидуваме само да ја доближиме традицијата до граѓаните ,кои се чини како да ја забораваат ,а може да ги потсети на едно поубаво и побезгрижно време.

Back To Top