skip to Main Content
ТОП ВЕСТИ
ДКСК: Заев не може да биде премиер и министер за финансии
Заев: Го повлекувам предлогот да бидам и министер за финансии, иако уставот и законите го дозволуваат тоа
Атанасов: Сакав да бидам министер, бидејќи во образованието се прави малку
Весел Мемеди ќе поднесе оставка од функцијата потпретседател на Собранието
Шекеринска: Северна Македонија ќе учествува на сите сензитивни дискусии во НАТО
Димитров: Бугарија и Македонија ќе најдат начин низ пријателство и почит да го решат прашањето за Гоце Делчев
ЗА СЛЕДЕЊЕ НА ПРОГРАМАТА ВО ЖИВО: WWW.LIVE.1TV.MK
ПРОСЛЕДЕТЕ ГИ СИТЕ ВИДЕО СОДРЖИНИ НА YouTube КАНАЛОТ НА 1ТВ
НАЦИОНАЛНАТА ТЕЛЕВИЗИЈА 1ТВ СИТЕ ГЛЕДАЧИ МОЖАТ ДА ЈА СЛЕДАТ НА КАБЕЛСКИТЕ ОПЕРАТОРИ: MAXTV; VIP; TELEKABEL; NEOTEL; ONE.VIP; TOTAL TV

Колку е тешко кога новинарот ќе ја почувствува неправдата на своја кожа – Кежаровски во „Правда и неправда“

Колку е тешко кога новинарот ќе ја почувствува неправдата на своја кожа – Кежаровски во „Правда и неправда“
  • 21.05.2019

Врховниот суд, одлучувајќи по барање за заштита на законитоста, неодамна ги укина првостепената и второстепената пресуда во случајот „ликвидација“ и го врати предметот на повторно одлучување. Еден од седумтемина обвинети во контроверзниот предмет е и новинарот Томислав Кежаровски, прогласен за виновен за откривање на идентитет на заштитен сведок. Во октомври 2013 беше осуден на четири и пол години затвор, а во ноември 2014 Апелација му ја намали казната две години. Неговото апсење и пресудата наидоа на силни реакции на домашната и меѓународната јавност и силни критики за Македонија како земја во која е загрозена слободата на изразување.

-Живеевме и сѐ уште сме во една неизвесност. Навистина не знам што ќе се случува понатаму. Од една страна, велиме, добро е што повторно ќе се вратиме на почеток, но ако се прашувам јас, само се надевам дека ќе има фер и непристрасно судење, ништо повеќе, вели Кежаровски.

Тој и адвокатот се надеваат дека ќе можат да ги презентираат сите докази кои ги имале цело време и за кои се залагале дека треба да бидат изнесени во постапката. Сепак, во врска со обвинението против него, ниеден од судиите на Врховен не се произнел по кој основ се враќа предметот отпочеток и врз која основа се одбиени пресудите.

-Тоа што е наведено е штуро образложение, не се осврнуваат во ниту една реченица, туку велат дека ги согледале сите аргументи наведени во жалбата и одлучиле предметот да се врати отпочеток, додава Кежаровски.

Сепак, вели дека повторно треба да влезе во судските лавиринти и повторно да ги проживее моментите во притвот и во судницата.

Целиот разговор можете да го погледнете во видеото.

Back To Top