skip to Main Content

Кои медиуми се сѐ уште заробени и зошто – тема во Студио 1

Кои медиуми се сѐ уште заробени и зошто – тема во Студио 1
  • 14.03.2019

Освен судството, медиумите се еден вид огледало или ретровизор на општествените, социјалните, правните и моралните вредности на едно општество. Какви сме денеска и какви можеме да бидеме, зошто не се поместуваме од матрицата на медиуми кои можеби се изборија за некаква ограничена слобода, но уште го немаме чувството за критичко-аналитичко новинарство? На оваа тема, во Студио 1, уредникот Александар Чомовски разговара со соговорниците Јасна Бачовска, професорка на правниот факултет и новинарите Сафет Бишевац и Тодор Пендаров.

-Медиумите никогаш не беа таква приоритетна тема како од осамостојувањето до денес не беа толку приоритетна тема како од 2012 до 2017, за време на политичката криза. Бомбите беа во 2015, но кризата почна на 24 декември 2012, кога новинарите беа исфрлени од Собранието како симбол, кулминација. Потоа почна едно затишје. Главниот фокус беше ставен на владиното рекламирање и дека ако се реши тоа, ќе се реши проблемот со медиумите. Но проблемот е многу голем и немаме ни доволно знаење ни доволно политичка волја да се реши. Медиумскиот фактор се занемарува и од позиција на академија, вели Бачовска.

-Проблемот беше во таа приватизација и тоа што газдите од избори до избори менуваа дресови, еднаш црвен, еднаш син, затоа што, бидејќи приватните медиуми никогаш не работеа според пазарните закони, туку според политичката блискост со партиите, од тоа живееја и правеа добар профит, изјави Пендаров.

-Мислам дека имаме многу повеќе медиуми отколку што нашето општество и држава можат да издржат. Тука е коренот на сите проблеми. Нема пазар за 7-8 национални телевизии и затоа ќе дојдете во ситуација како денеска, во тие телевизии, колку да живеат, национални телевизии со 15-тина новинари во сите редакции и се очекува тие да стасаат и да бидат на висина на својата задача. Веќе нема приказни, сите се влечат на клучните теми, на тоа дали лидерот на опозицијата или премиерот даваат изјави. Тоа е денот за денешниве национални телевизии. Се сведовме на ситуација во која многуте млади новинари со вакво или онакво професионално образование, со или без работно искуство, се сведуваат на држачи на микрофони, вели Бишевац.

Целиот разговор можете да го погледнете во видеото.

Back To Top