skip to Main Content
ТОП ВЕСТИ
Радев: Ја поддржуваме Северна Македонија, но не безусловно
Лидерската средба неизвесна
Апостолакис за МИА: И двете страни да ги извлечат позитивните работи од Договорот од Преспа
Скопје и Сеул воспоставија дипломатски односи
ЗА СЛЕДЕЊЕ НА ПРОГРАМАТА ВО ЖИВО: WWW.LIVE.1TV.MK
ПРОСЛЕДЕТЕ ГИ СИТЕ ВИДЕО СОДРЖИНИ НА YouTube КАНАЛОТ НА 1ТВ
НАЦИОНАЛНАТА ТЕЛЕВИЗИЈА 1ТВ СИТЕ ГЛЕДАЧИ МОЖАТ ДА ЈА СЛЕДАТ НА КАБЕЛСКИТЕ ОПЕРАТОРИ: MAXTV; VIP; TELEKABEL; NEOTEL; ONE.VIP; TOTAL TV

Кога пациентите ќе добијат нов Клинички центар? Расте бројот на заболени од морбили

Кога пациентите ќе добијат нов Клинички центар? Расте бројот на заболени од морбили
  • 09.02.2019

На оваа локација треба да никне новиот Клнички центар. На Веле Поле во Ѓорче Петров, бидејќи земјиштето е државно, а не во скопската населба Бардовци, зашто трошоците ќе биле за 100 милиони евра повеќе токму поради приватните парцели. Целосниот Клинички ќе вреди до 480 милиони евра, пари што допрва министерствата за здравство и финансии треба да најдат начин како да ги обезбедат. Комплексот ќе има повеќе од 120.000 м2. Здравствените власти набљудуваат проекти од австриска и германска фирма, за Клинички да добие готов европски проект и неговата изградба да биде за четири, наместо за 10 години. Министерот Филипче вели компаниите со кои се водат разговори изградиле 800 болници. Уверен е дека годинава ќе заврши тендерската документација, за да стартува градбата.

„Размислуваме за овој модел за правање на пакет којшто сè уште анализираме дали може да се спрoведе, согласно нашиот закон за јавни набавки, заради тоа што има огромен број на проекти од компании коишто имаат големо искуство од изведување на болници ширум Европа и во таа насока да споиме пакет на проектирање и изведба заедно и сето тоа да го направиме во една тендерска постапка којашто ќе биде јавна, којашто воопшто, нема да биде на никој начин фаворизирана, ниту пак ќе повторам да не биде јавно – приватно партнерство“, изјави министерот за здравство Венко Филипче.

Дел од постоечкиот Клинички во Скопје ќе функционира, како ургентениот центар, но не е прецизирано кои Клиники ќе останат на Водно. Парцелите ако се продадат, буџетот ќе оди за новиот Клинички, вели министерот Филипче.

Штипјани, пак, до 2020 година ќе ја чекаат новата болница, зашто лани штипски бетон го раскина договорот.

Додека здравствените власти ги крчкаат болничките центри, расте бројот на случаи со морбили. Опозциската партија ВМРО ДПМНЕ цени дека власта си игра со здравјето на граѓаните.

„Има околу 1.300 лица заболени со грип. Почитуван министер, Нема мерки, но има жртви! Почина шестмесечно бебе од морбили, почина петгодишно девојче од грип. Во „играта“ чинат – нечинат вакцините, не дадовте одговори, а кај родителите направивте хаос во главите. Предизвикавте контра ефект па и најголемите поборници на вакцинирањето сега се сомневаат и имаат дилеми. Што правите сега со грипот? Ќе преземете ли мерки“, прашува Маја Славева од ВМРО ДПМНЕ.

Има нови пет случаи со мали сипаници. Бројката е близу 200 на заразени од морбили. Епидемијата вчера ја зеде и првата жртва, шестмесечно бебе од Куманово. Повеќе од 6.000 граѓани се вакцинирале протв мали сипаници.

Игор Стефановски

Back To Top