skip to Main Content
ТОП ВЕСТИ
Атина бара исполнување на сите обврски од Договорот од Преспа
Пратеници бараат изборен модел со една изборна единица
Тимот на СЈО разрешен, предметите во рацете на Јовески
ВМРО-ДПМНЕ бара смена на Русковска – на шефовското место да седи професор

Кога „моќници“ нарачуваат телефонски лустрации на судии – тема во „Правда и неправда“

Кога „моќници“ нарачуваат телефонски лустрации на судии – тема во „Правда и неправда“
  • 11.06.2019

Кичевскиот судија, чија лустрација телефонски ја нарача пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Антонијо Милошоски по девет години ја доби правната битка во Стразбур. Европскиот суд потврди дека судијата Драги Билески незаконски бил прогласен за „кодош“, а Судскиот совет неправедно го разрешил од судиската функција една година пред пензионирањето. За сѐ што поминал изминативе години Билески зборуваше со уредничката Гордана Дувњак во „Правда и Неправда“.

-Пресудата ми значи многу. Затоа што не требаше мојата правда да ја долчекам од Стразбур. Судството треба да биде независно, по Устав, закон, а не по нарачка. Јас ќе поднесам предлог за повторување на постапката, рече Билески.

Билески вели дека не знае зошто тој станал таргет од страна на Антонијо Милошовски, бидејќи не го ни познавал.

-Тој е од Кичево, мој сограѓанин, со него сум немал никаков контакт. До скоро не сум го ни познавал, а со неговиот татко сум генерација и сум бил на здраво. Кога ги случнав бомбите се зачудив, што на тој човек сум му направил зло што бара моја лустрација. Во случајот е некаква одмазда, но не знам зошто. Татко му имаше судски спор, јас го водев граѓанскиот спор по изведувањето на доказите по она што го имав во предметот беше основано барањето јас и го уважив, објаснува Билески.

Целиот разговор можете да го погледнете во видеото.

Back To Top