skip to Main Content
ТОП ВЕСТИ
Катица Јанева ќе одлучува дали ќе ги изземе Фатиме Фетаи и Гаврил Бубевски од „Титаник 3“
Петнаесет-годишно момче се удави во Пчиња
Пожарот кај Пинтија ставен под контрола
ЗА СЛЕДЕЊЕ НА ПРОГРАМАТА ВО ЖИВО: WWW.LIVE.1TV.MK
ПРОСЛЕДЕТЕ ГИ СИТЕ ВИДЕО СОДРЖИНИ НА YouTube КАНАЛОТ НА 1ТВ
НАЦИОНАЛНАТА ТЕЛЕВИЗИЈА 1ТВ СИТЕ ГЛЕДАЧИ МОЖАТ ДА ЈА СЛЕДАТ НА КАБЕЛСКИТЕ ОПЕРАТОРИ: MAXTV; VIP; TELEKABEL; NEOTEL; ONE.VIP; TOTAL TV

Кога институциите ќе си поиграат со човечките судбини – разговор во Студио 1

Кога институциите ќе си поиграат со човечките судбини – разговор во Студио 1
  • 16.05.2019

Васко Стојановски води битка за да го врати своето дете кому по разводот му било дадено старателството, но потоа му било одземено. За оваа приказна и за тоа што може да се случи кога институциите си играат со човечките судбини Стојановски зборуваше во Отвореното Студио 1 со Анета Кочишки.

-Повеќе не гледам спас во институциите. Шест години се обидувам да го решам прашањево институционално и се тоа се одразува на детето. Сопругата беше од Белорусија, брзо стапивме во брак, но и брзо се разведовме, откако се роди синот. Ова ми е прв брак, прво дете, нејзе и е втор брак, а детето од нејзиниот претходен брак во Белорусија му беше доделено на таткото, раскажува Стојановски.

Прво детето му било доделено нему, а било одлучено мајката да има ограничени посети, но потоа пресудата се сменила. Стојановски вели дека имало шест мислења дека тој треба да го има старателство, па дури и детето се изјаснило дека сака да оди кај таткото.

-Имаше проблеми заради неадекватното однесување на мајката. Таа имаше обид за самоубиство, па лечење на психијатрија и тогаш се направија тие вештачења каде 15  дена е потребно иследување за тој тип на растројство. Беа барани мислења од судот, шест мислења има дека е подобро за детето да се грижи таткото, во тие мислења се направени разговори со нон-стоп одења по социјалните служби, детето се изјаснува дека сака да оди кај таткото и не ми е јасно во преудата на судот нема никакви цврсти аргументи кога го одземаат, вели Стојановски.

Целиот разговор можете да го погледнете во видеото.

Back To Top