skip to Main Content

Кога економијата ќе ги сврти политичките текови – анализа во Студио 1

Кога економијата ќе ги сврти политичките текови – анализа во Студио 1
  • 09.10.2018

Одговорната политика треба да ги перцепира и да ги пресретне евентуалните економски последици од некои политички одлуки и процеси. За жал, обично се дозволува политичката неизвесност да влијае врз бизнисите и домаќинствата и тие им се прилагодуваат на политичките случувања, смета Владимир Филиповски, проф. на економски факултет.

-Во нормални услови, ситуацијата би била таква што при дизајнирањето на економските политики од страна на владите би се имале пред вид интересите, ставовите, состојбата во реалната економија и финансискиот сектор. Но во случаи како нашава стварност, обратно, се креира огромна неизвесност, а јавното мислење повеќе се мобилизира околу политичките прашања и проблеми со неизвесни исходи и честите избори, повторно со неизвесни исходи. Проблем е и тоа што тоа трае долго, вели Филиповски.

За разлика брзите и кратки шокови на кои економијата може да се адаптира, кај нас политиката ја става економијата во постојан шок, објаснува тој.

-Најголем проблем би било тоа што, онаа програма за економски раст што ја донесе Владата и којашто е доста сеопфатна и каде што има мерки за подобрување на инвестициите, конкурентноста на фирмите, технолошки развој и продуктивноста во користењето на ресурсите, можеби тука би бил најзначаен негативниот ефект, затоа што тоа беше програма од која се очекува многу, посебно во сферата на економскиот раст и подобрување на конкурентноста на стопанството, изјави Филиповски.

Целиот разговор погледнете го во видеото.

Back To Top