skip to Main Content
ТОП ВЕСТИ
ЈО побара продолжување на притворот на Јанева за нови 30 дена
Калајџиев ќе биде предлогот на ВМРО-ДПМНЕ за нов Јавен обвинител?
Алијанса за Албанците: Режимот ВМРО-ДУИ го монтираше, судовите на СДСМ-ДУИ пресудија, бараме меѓународна истрага за „Диво Насеље“
Македонија ги исполни сите услови – на ред е ЕУ

Кирацовски ја поздрави чистата препорака на ЕК

Кирацовски ја поздрави чистата препорака на ЕК
  • 17.04.2018

Генералниот секретар на СДСМ Александар Кирацовски оцени дека денеска од Европската Унија стигнале добри вести за Македонија.

– Имаме чиста препорака за почетокот на преговорите за полноправно членство на Република Македонија во ЕУ. Им честитам на сите наши граѓани. Затоа што ова пред сè e нивна заслуга. Ова е значаен успех за Република Македонија која по долги години повторно се враќа на евроинтегративниот пат, на напредокот, на реформите за подобро утре, изјави Кирацовски.

Како што рече, ЕК ги препознала напорите во спроведувањето на реформските процеси, а тоа е добро за сите нас.

– Се потврдува исправноста и успешноста на политиките на Социјалдемократскиот сојуз, на Владата што ја предводи заедно со коалициските партнери. Позитивниот извештај на Европската комисија и дадената препорака за членство претставува дополнителен импулс во натамошното спроведување на зацртаните реформи, на мерките за подобар живот, во интерес на Македонија и нејзините граѓани, изјави генералниот секретар на СДСМ.

Како што рече, за граѓаните членството во ЕУ значи економски напредок, повеќе инвестиции, повисоки плати, подобар стандард и институции кои работат за нив.

Back To Top