skip to Main Content

Квалитетно здравство, метлата и датумот, Делчев во преговорите на македонската и бугарска комисија – Студио 1

Квалитетно здравство, метлата и датумот, Делчев во преговорите на македонската и бугарска комисија – Студио 1
  • 24.06.2019

Студио 1 го започнавме со најави за денешните содржини и со поенти од гостувања во изминатите денови.

Младите специјализанти повторно го кренаа гласот и апелираат дека немаат добри услови за работа. Министерството за здравство и Владата ветуваат поголеми плати и исполнување на ветените реформи. Додека да се случи тоа, младите лекари го гледаат спасот надвор, а пред државата, освен реформите, се поставува проблемот како да ги задржи. На оваа тема гостин во Студио 1 беше доктор Ненад Лазаров од Асоцијацијата на специјализанти и млади лекари.

Деновиве актуелно е прашањето за тоа дали Гоце Делчев е Македонец или Бугарин и токму на оваа тема гостин во Студио 1 беше историчарот Ванчо Георгиев, кој смета дека целиот скандал е тенденциозен.

Во изминатите недели метлата и датумот предизвикаа конфузија во јавноста. За ова во отвореното Студио 1 разговараа Јордан Шишовски, Петар Колев, претседател на Граѓанско демократската унија и новинарот Љубиша Николовски.

Целото видео погледнете го во продолжение:

Back To Top