skip to Main Content
ТОП ВЕСТИ
Тече рокот за нацрт-амандманите на Уставот, се најавува собраниско тело за помирување
Метју Палмер утре доаѓа во Македонија
За Русија остануваме Република Македонија
Трамп: САД ќе се повлечат од нуклеарниот договор со Русија
Саудиска Арабија призна дека Кашоги починал во Истанбул, 18 уапсени
Мексико ги отвори границите за жени и деца од „мигрантскиот карван“
НАЦИОНАЛНАТА ТЕЛЕВИЗИЈА 1ТВ СИТЕ ГЛЕДАЧИ МОЖАТ ДА ЈА СЛЕДАТ НА КАБЕЛСКИТЕ ОПЕРАТОРИ: MAXTV; VIP; TELEKABEL; NEOTEL; ONE.VIP
ЗА СЛЕДЕЊЕ НА ПРОГРАМАТА ВО ЖИВО: WWW.LIVE.1TV.MK

Караџоски за посебниот извештај на Јанева: Слушнав по медиумите, нѝ укажува на несериозно однесување на СЈО

Караџоски за посебниот извештај на Јанева: Слушнав по медиумите, нѝ укажува на несериозно однесување на СЈО
  • 17.09.2018

Првиот човек на Судскиот Совет Зоран Караџоски не сакаше да го коментира посебниот извештај на СЈО, во кој четири судии беа искритикувани поради блиските реалации со претходната владејачка гарнитура. Караџоски вели го нема добиено и прочитано извештајот. Од неговата изјава произлегува дека како Судски совет не можат да покренат дисциплински постапки, поради застареност.  Со членот на Советот, поранешата претседателка  Александра Зафировска, Караџоски вели не се сретнал поради различните работни обврски. Но затоа упати порака кон СЈО.

„Јас ќе го разгледам, секако и сите членови ќе го разгледаме, се надевам ќе го најдеме (извештајот). Значи, тоа што го слушнав по медиуми, по портали, нѝ укажува на несериозно однесување од страна на една странка во постапката, фактички СЈО, начинот на пристап. Меѓутоа, сепак, со резерва тоа што го слушам по медиуми. Повеќе би коментирал доколку ги имам сите факти пред мене“, изјави претседателот на Судскиот совет, Зоран Караџоски.

Претседателот на Здружението на судии, Џемаил Саити детално не го разгледал извештајот.

„Не ми е познат контекстот на извештајот. Останува да се анализира кои се следините чекори на СЈО и мислам дека сите органи треба да ги преземат своите надлежности во согласност со законот. Јас ќе го повторам уште еднаш ставот на здружението и мојот личен – дека се залагам за независно судство, судии со интегиратет кои ќе го покажат со работа“, изјави претседателот на здружението на судии, Џемаил Саити.

Иако гласаше против, судијата Саити во Судскиот совет беше за да даде изјава во тричлената Комисија, којашто постапува по барањето за одговорнотност на петтемина врховни судии, кои со мнозинство гласови му го укинаа притворот на бизнисменот Сеад Кочан. Саити не откри детали, поради тајноста на постапката. Шефот на Советот, Караџоски се огради од коментари за овој случај, бидејќи не е дел од комисијата.

„Колку што сум досега информиран не е завршена расправата, значи сè уште имаат за работа пред достават конечен извештај до сите членови на Судски совет  за одлучување

Ставен под лупа од Комисијата, но претседателот на Врховниот суд Јово Вангеловски не се појави на седницата, поради оправдани причини. Досега, одржувањето на Седницата во неколку наврати се одложуваше и заради неговото отсуство. Ванегловски дополнително ќе биде повикан. Расправата за судијата Ристо Катавеновски ќе се одвива посебно. Откако Комисијата ќе ја заврши расправата, нивните заклчучоци ќе се дадат на разгледување кај сите членови на Судскиот совет, за подоцна да одлучат дали и кои од судиите ќе бидат разрешени или не.

Игор Стефановски

1tv.mk: Преземањето на авторски содржини обајавени на оваа страница е дозволено само делумно (маx. до 30 насто од содржината) и со ставање хиперлинк до содржината којашто се цитира. Непридржувањето до ова правило ќе значи крадење на информациите и соодветно ќе се санкционира од страна на BMJ Мedia Group, согласно позитивните законски норми.

Back To Top