skip to Main Content
ТОП ВЕСТИ
Премиерот Заев на форум на „Фајненшал тајмс“ за земјите од Западен Балкан
Министрите од ЕУ повторно на состанок околу преговорите со Северна Македонија и Албанија
Могерини-Шекеринска: За нашата земја не постои никаков аргумент дека нешто не е исполнето
Фазлиу на состанокот на Заедничкиот консултативен комитет меѓу Северна Македонија и Комитетот на региони на ЕУ
Форум за антикорупциски реформи во Скопје
САД испраќаат околу илјада војници на Блискиот Исток поради „иранската закана“
ОН: Светот до 2050 година ќе брои 9,7 милијарди луѓе
ЗА СЛЕДЕЊЕ НА ПРОГРАМАТА ВО ЖИВО: WWW.LIVE.1TV.MK
ПРОСЛЕДЕТЕ ГИ СИТЕ ВИДЕО СОДРЖИНИ НА YouTube КАНАЛОТ НА 1ТВ
НАЦИОНАЛНАТА ТЕЛЕВИЗИЈА 1ТВ СИТЕ ГЛЕДАЧИ МОЖАТ ДА ЈА СЛЕДАТ НА КАБЕЛСКИТЕ ОПЕРАТОРИ: MAXTV; VIP; TELEKABEL; NEOTEL; ONE.VIP; TOTAL TV

Караџовски во Обвинителството за организиран криминал и корупција – во фокусот на Студио 1

Караџовски во Обвинителството за организиран криминал и корупција – во фокусот на Студио 1
  • 21.03.2019

Првиот блок на Отвореното Студио 1 го започнавме со најновите информации поврзани со претседателот на Судскиот совет, Зоран Караџовски кој утринава беше повикан да даде исказ во Обвинителството за организиран криминал и корупција.

Тој не откри зошто беше во обвинителството, туку дека бил службено повикан. Караџовски тврди дека додатоците од 35 проценти за трите месеци што се доделени на членовите на Судскиот совет се законски.

Понатаму се потсетивме на гостувањето вицепремиерот задолжен за европски прашања, Бујар Османи, кој во гостувањето во Централниот дневник на 1ТВ, коментирајќи ги случувањата на домашен и меѓународен план изјави дека патот до Брисел оди преку трите столба – Државната комисија за спречување на корупцијата, Специјалното јавно обвинителство и Координативното тело за борба против организираниот криминал.

Исто така, во овој блок на Отворено Студио 1 погледнавме дел од разговорот на Борјан Јовановски, со првиот човек српската Либер-демократска партија, Чедомир Јовановиќ,кој во неколку наврати потенцираше дека политиката која што ја води сегашната македонска влада е разумна и европска

„Имате можност од Македонија да направите држава како што треба да биде. Бевте блокирани 27 години, вие добивте прилика. Ципрас ги отповика руските амбасадори, бидејќи сакаа со откуп да го срушат Преспанскиот договор. Лавров бараше од Советот за безбедност да ја поништи одлуката. Нема демократизација додека не го уништиме национализмот.

Јас не сакам да водам некоја ваша политика. Мислам дека е сурово да се руши договорот, бидејќи знаеме која е цената за тоа. Тоа не е лесно. Не е лесно ни за Грција. Во Македонија, покрај се, преовладуваше разумот за политика која го зближува народот“, рече Јовановиќ.

Овој блок од Отвореното Студио го затворивме со потсетување од разговорот на уредниците Ацо Кабранов и Борјан Јовановски со Горан Бреговиќ кој истакна дека пораката на новиот албум е можноста за хармонија меѓу трите различни вери во светот.

„Дали станува збор за уметничка утопија или е можна таа во реалноста? Мене ми е лесно јас сум композитор, не политичар. Во историјата се што добро се случило започнало како утопија. Работите на хармонија меѓу политичарите. Луѓето се кондиционирани машини. Во екс Југославија живеевме во хармонија и одеднаш почнавме да војуваме“, рече Бреговиќ.

Целиот блок од Отвореното Студио 1 погледнете го во видеото:

Back To Top