skip to Main Content
ТОП ВЕСТИ
Јанева ќе сведочи пред Русковска во 10 часот во вторник
Јанева негира дека дала наредба за претрес на обвинителите
Обвинителот Рустеми сведочи во ОЈО
Стефанова за комуникацијата меѓу Јанева и Камчев: Не сум експерт за криминал
Скопје и Софија ја интензивираат соработката во одбраната
ЗА СЛЕДЕЊЕ НА ПРОГРАМАТА ВО ЖИВО: WWW.LIVE.1TV.MK
ПРОСЛЕДЕТЕ ГИ СИТЕ ВИДЕО СОДРЖИНИ НА YouTube КАНАЛОТ НА 1ТВ
НАЦИОНАЛНАТА ТЕЛЕВИЗИЈА 1ТВ СИТЕ ГЛЕДАЧИ МОЖАТ ДА ЈА СЛЕДАТ НА КАБЕЛСКИТЕ ОПЕРАТОРИ: MAXTV; VIP; TELEKABEL; NEOTEL; ONE.VIP; TOTAL TV

Каков Судски совет ни треба – разговор со Караџовски и Димовска во „Правда и неправда“

Каков Судски совет ни треба – разговор со Караџовски и Димовска во „Правда и неправда“
  • 11.12.2018

Претседателот на Судскиот совет Зоран Караџовски вели дека е задоволен што изборот на членови поминал без забелешки за вчерашниот изборен ден. Во врска со критиките за лошиот имиџ на судиите во јавноста, тој смета дека се нарушени неформалните принципи за назначување на судии и обвинители, но и дека ситуацијата сепак не е полоша отколку, на пример, во времето на социјализмот.

-Јас не се согласувам дека тогаш судството било поквалитетно. Како судија и од тој период имам земено и пресуди и начин на работење на судовите, се идеализира тој период, но ако навлеземе длабински да видиме како и колку се работело, немало норми, ќе дојдеме до прашање дали во 1975-та биле поквалитетни судиите. Јас не се согласувам, вели Караџовски.

Според судијката во Основен суд Скопје 2, Антоанета Димовска, не биле секогаш сите судии еднакво квалитетни, но постоеле ориентациони норми и тоа треба да биде главното прашање.

-Како може нешто што е ориентационен број потоа да стане фиксен критериум, што е исто дискутабилно. Мислам дека и г. Караџовски ќе се согласи дека истото и ним им создава главоболка. Никој не треба да идеализира. Секогаш имало и поквалитетни и понеквалитетни судии, вели таа.

Двајцата се согласуваат дека годините на работа не се показател за квалитетот на судиите и дека помладите судии кои се квалитетни треба да добијат поттик ако сакаме да добиеме квалитетно судство.

Целиот разговор погледнете го во видеото.

Back To Top