skip to Main Content
ТОП ВЕСТИ
Радев: Ја поддржуваме Северна Македонија, но не безусловно
Лидерската средба неизвесна
Апостолакис за МИА: И двете страни да ги извлечат позитивните работи од Договорот од Преспа
Скопје и Сеул воспоставија дипломатски односи
ЗА СЛЕДЕЊЕ НА ПРОГРАМАТА ВО ЖИВО: WWW.LIVE.1TV.MK
ПРОСЛЕДЕТЕ ГИ СИТЕ ВИДЕО СОДРЖИНИ НА YouTube КАНАЛОТ НА 1ТВ
НАЦИОНАЛНАТА ТЕЛЕВИЗИЈА 1ТВ СИТЕ ГЛЕДАЧИ МОЖАТ ДА ЈА СЛЕДАТ НА КАБЕЛСКИТЕ ОПЕРАТОРИ: MAXTV; VIP; TELEKABEL; NEOTEL; ONE.VIP; TOTAL TV

Какво време не очекува наредните денови – Славчо Попоски гостин во Студио 1

Какво време не очекува наредните денови – Славчо Попоски гостин во Студио 1
  • 11.02.2019

Во првиот блок од денешното отворено Студио 1 се потсетивме на разговорот со членот на Антикорупциската комисија, Горан Трпеноски кој откри дека причината поради која дополнително се мотивирал да аплицира за работно место во комисијата е откривањето на корупциската афера за незаконското трошење во Антикорупциска.

„Мотивацијата ми беше новата општествена клима, формирањето на новиот закон за спречување на корупцијата и судир на интереси, како и можноста и надежта по објавувањето на корупциската афера за незаконското трошење во Антикорупциска“, изјави Трпеновски.

Понатаму погледнавме и дел од разговорот во Централниот дневник на 1ТВ во кој гостин беше Владимир Нелоски член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, кој смета дека е време партијата да има надпартиски кандидат.

„Расположението е демократко, сите кандидати се претставуваат пред делегатите и членството на ВМРО-ДПМНЕ, како и во минатото каде изборот на претседател се правел преку конвенција, ова е веќе практика на партијата. Ме радува тоа што дел од кандидатите се од иста општина и имаме единство во партијата без разлика на тоа што тие се натпреваруваат. Од мое лично име, мојот став е дека во моментов дојдено е време ВМРО-ДПМНЕ да има надпартиски кандидат и затоа застанав зад професорката Гордана Силјановска“, рече Неловски.

За најновите настани од судењето за настануите од 27 април, телефонски се јави колешката Искра Опетческа, а со метеорологот Славчо Попоски откривме какво време не очекува во наредните денови.

Првиот блок од денешното Отворено Студио 1 погледнете го во видеото:

Back To Top