skip to Main Content

Какви психички последици оставаат трагичните сообраќајни несреќи – разговор во Студио 1

Какви психички последици оставаат трагичните сообраќајни несреќи – разговор во Студио 1
  • 15.02.2019

При трауматични ситуации со смртни случаи како автобуската несреќа кај Ласкарци, настраданите и блиските на загинати или повредени поминуваат низ неколку фази на стрес, објаснува невропсихијатарот Мице Дудучки – шок, прифаќање на губитокот, а потоа доаѓаат последиците од физичките повреди.

-Во првата фаза на сцена се хирурзите, ортопедите, трауматолозите. Следната фаза помеѓу која не смее да има празен простор е активноста на психолозите и психијатрите во смисла на решавање на симптомите на стресот, психотраумата, која самите повредени и членовите на семејствата на загинатите наши сограѓани ги доживуваат, вели тој.

Според психологот Тиана Ивановска, не смее да се заборави ниту на спасувачите и сите што помагаа во целиот немил настан, кои може да покажат симптоми на стрес подоцна.

-Секогаш ги ставаме во фокусот директните жртви од инцидентот, а ги забораваме тие што биле на самото место, што виделе, поминале низ таа траума подеднакво како семејствата што биле таму присутни и дека треба да им се даде психолошка поддршка, изјави Ивановска.

Back To Top