skip to Main Content
ТОП ВЕСТИ
Јанева ќе сведочи пред Русковска во 10 часот во вторник
Јанева негира дека дала наредба за претрес на обвинителите
Обвинителот Рустеми сведочи во ОЈО
Стефанова за комуникацијата меѓу Јанева и Камчев: Не сум експерт за криминал
Скопје и Софија ја интензивираат соработката во одбраната
ЗА СЛЕДЕЊЕ НА ПРОГРАМАТА ВО ЖИВО: WWW.LIVE.1TV.MK
ПРОСЛЕДЕТЕ ГИ СИТЕ ВИДЕО СОДРЖИНИ НА YouTube КАНАЛОТ НА 1ТВ
НАЦИОНАЛНАТА ТЕЛЕВИЗИЈА 1ТВ СИТЕ ГЛЕДАЧИ МОЖАТ ДА ЈА СЛЕДАТ НА КАБЕЛСКИТЕ ОПЕРАТОРИ: MAXTV; VIP; TELEKABEL; NEOTEL; ONE.VIP; TOTAL TV

Каде згреши Врховен суд? – разговор во Студио 1

Каде згреши Врховен суд? – разговор во Студио 1
  • 12.02.2019

Врховниот суд наскоро ќе се соочи со првиот тест – колку неговото начелно мислење ќе биде применливо и како ќе реагира на барањата на адвокатите од случајот „Империја“ за нивниот притвор. СЈО е во контраофанзива со цело досие докази за трансферот на парите од дома до оф шор дестинациите и пак назад. За оваа тема, уредникот Александар Чомовски разговараше со Емилија Локвенец, докторанд по Уставно право. Таа вели дека за жал, како што се закани претседателот Врховен суд дека сите одлуки по што ќе стигнат до него, а датираат надвор од законскиот рок за СЈО, ќе бидат поништени.

-Начелните ставови на Врховниот суд се задолжителни за Советите на Врховниот суд. Така е поставен законот, тоа е во рамките на уставната улога на Врховниот суд, а тоа е да обезбедува единство во примената на законите од страна на судовите. За жал, ова е застарена алатка. Тоа го обработував во магистерската тема, а во докторатот сакам да најдам вистински модел за демократско општество, вели Локвенец.

Според неа, автентичното толкување на Парламентот има поголема сила над толкувањето на Врховен и во него Парламентот ќе треба да ги допрецизира недоумиците кои, како што вели, се појавија само кај Врховениот, а не и кај Кривичниот суд. На прашањето дали мисли дека е темпирана одлуката на Врховен, токму пред решението за притворите на Камчев и на Мијалков, вели дека иако се останува во доменот на шпекулациите, немало потреба од начелното мислење, освен ако тоа го побарале пониските судови.

-На овој начин Врховен ги прејудицираше ставовите на пониските судови, а тие се инстанциони судови, тие располагаат со фактите и доказите и можат да обезбедат фер судење и за обвинетите и за јавноста, која е гладна за фер судење, изјави Локвенец

Целиот разговор можете да го погледнете во видеото.

Back To Top