skip to Main Content

И Јанакиески за собраниските инциденти се бранел со молчење во обвинителството

И Јанакиески за собраниските инциденти се бранел со молчење во обвинителството
  • 19.04.2019

Го донесоа од судење да биде испрашан во обвинителството за организиран криминал, а барал прво да ги види доказите.

И поранешниот министер за транспорт за врски Миле Јанакиески молчел пред обвинителстовото на распитот за собранските инциденти. Тој е еден од осомничените нарачатели за случајот 27 април од 2017 година.

Откако му заврши распитот, со полициското комбе Јанакиески беше вратен дома.

Во обвинителството вчера молчел, а барал докази и ексминистерот за образование Спиро Рисотвски.

Ваква праска пред три дена имаше и поранешниот претседател на собранието Трајко Вељаноски.

Шефицата на обвинителстовото за организиран криминал и корупција пред два дена најави дека до крајот на мај ќе има обвинение за нарачателите за собранискиот упад.

Покрај Јанакиески, Рисовски и Вељаноски како осомничени нарачатели за крвавото сценарио во законодавниот дом се и поранешниот премиер Никола Груевски и вработениот во УБК Никола Бошкоски. И двајцата се во бегство, но обвинителството очекува екстрадиција поради тежината на кривичното дело терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста.


Игор Стефановски

Back To Top