skip to Main Content
ТОП ВЕСТИ
Судењето за „27 април“ одложено за 31 јануари, Русковска информира дека во обвинението нема суштински измени
Сослушано обезбедувањето, блиски роднини на Груевски нема да сведочат
Нови рочишта за „Топлик“ и за убиството на Саздовски
Отровен воздух и привремени мерки: бесплатен превоз во ЈСП, за два дена продолжен зимски распуст и два дена скијање во Маврово за децата
Во Грција почнуваат парламентарните процедури за ратификација на Договорот од Преспа
Нимиц ја повика Грција да го ратификува Преспанскиот договор
Делегација на Собранието на зимската сесија на ПССЕ во Стразбур
НАЦИОНАЛНАТА ТЕЛЕВИЗИЈА 1ТВ СИТЕ ГЛЕДАЧИ МОЖАТ ДА ЈА СЛЕДАТ НА КАБЕЛСКИТЕ ОПЕРАТОРИ: MAXTV; VIP; TELEKABEL; NEOTEL; ONE.VIP; TOTAL TV
ЗА СЛЕДЕЊЕ НА ПРОГРАМАТА ВО ЖИВО: WWW.LIVE.1TV.MK
ПРОСЛЕДЕТЕ ГИ СИТЕ ВИДЕО СОДРЖИНИ НА YouTube КАНАЛОТ НА 1ТВ

И со амнестијата се претера… или не? Павле Трајанов и Александар Тортевски гости во Студио 1

И со амнестијата се претера… или не? Павле Трајанов и Александар Тортевски гости во Студио 1
  • 28.12.2018

Гости во Отвореното Студио 1 беа адвокатот Александар Тортевски и пратеникот Павле Трајанов кои со домаќинот на денот Јадранка Костова разговараа за последните случувања со законот за амнестија, за аболицијата, за говорот на претседателот Иванов, судските реформи и вмешаноста на политиката во судските процеси.

„Ако ова се пласира како помирување тоа е потценување. Треба да се каже која е цената што треба да се плати. Точносе тестираше дали судот повторно ќе биде послушник и очигледно ниту оваа гарнитура не сака да се откаже од привилегијата да се откажат од судството. Се помируваме со неправдата и истите методи се повторуваат. Другите што ќе гласаат за уставните промени а немаат загрозен човек близу нив, испорачуваат цена. Сега ќе бараат директорски места“, изјави адвокатот Тортевски.

„Оваа „македонска крвава свадба“ што се одвиваше на 27 април 2017 требаше да се движи во насока да се расчисти работата, а сега повторно влегуваме на заплет и ќе очекуваме расплет наредната година. Се работи за имплементација на Преспанскиот договор и битно е да се промени Уставот. Промена на Уставот неможе без две третини и сите работи кои што сега се прават е да се обезбедат 80 пратеници. Можеше овој процес да се одвиваше со јавна расправа. Постои целосна граѓанска осуда на ова што се случува. Амнестија се дава после промена на политички систем и, воена состојба и промена на авторитарен систем. Амнестија не е само чин на милост. Таа треба да значи корекција на неправда. Треба да заврши судскиот процес и ако е во функција на повисоки цели, земјава да се движи напред, тога јас сум за“, рече Трајанов.

Целиот разговор со Трајанов и Тортевски погледнете го во видеото:

1tv.mk: Преземањето на авторски содржини обајавени на оваа страница е дозволено само делумно (маx. до 30 насто од содржината) и со ставање хиперлинк до содржината којашто се цитира. Непридржувањето до ова правило ќе значи крадење на информациите и соодветно ќе се санкционира од страна на BMJ Мedia Group, согласно позитивните законски норми.

Back To Top