skip to Main Content
ТОП ВЕСТИ
Јанева со полициска придружба замина за Гевгелија
Законски нејаснотии кој ќе управува со СЈО по приведувањето на Јанева
Судењето за „Монструм“ одложено за 5 септември
Се запали автубус на ЈСП во Ѓоче Петров
Косовското Собрание се самораспушти, се очекува датумот за избори
ЗА СЛЕДЕЊЕ НА ПРОГРАМАТА ВО ЖИВО: WWW.LIVE.1TV.MK
ПРОСЛЕДЕТЕ ГИ СИТЕ ВИДЕО СОДРЖИНИ НА YouTube КАНАЛОТ НА 1ТВ
НАЦИОНАЛНАТА ТЕЛЕВИЗИЈА 1ТВ СИТЕ ГЛЕДАЧИ МОЖАТ ДА ЈА СЛЕДАТ НА КАБЕЛСКИТЕ ОПЕРАТОРИ: MAXTV; VIP; TELEKABEL; NEOTEL; ONE.VIP; TOTAL TV

И во домовите за згрижување на стари лица во недела ќе бидат отворени гласачки места

И во домовите за згрижување на стари лица во недела ќе бидат отворени гласачки места
  • 19.04.2019

На левата страна на реката Вардар веднаш до скопската населба Радишани се наоѓа Кучевишка бара во која според официјалните податоци живеат околу 1500 жители. А меѓу нив 75 стари лица сметени во домот за згрижување „Идила“. 25 од нив за прв пат на претстојните избори не ќе мора да чекаат на милоста на другиот. Да дојде, да ги земе, да ги однесе на гласање. На 21 април овој дом за стари лица заедно со државниот „Мајка Тереза“ ќе бидат двата дома дел од пилот проектот на Државната изборна комисија со кој на старите лица за прв пат ќе им биде овозможено да гласаат без при тоа да го напуштаат домот.

Тетка Лефтерка Јованова е мајка на две ќерки но и на внуци и правнуци, како што раскажа таа за 1 телевизија. Грижата за нивна подобра иднина ја натерало да се пријави да гласа. Од новиот претседател или претседателка ако биде жена, очекува да има повеќе слух за народот.

А чичко Сабри Шеило веќе две години е во домот „Идила“. Пред да дојде тука редовно излегувал на гласање. Постарите генерации имаат поинаков однос кон обврските на граѓаните кон државата, вели тој. Признава дека со состанарите не секогаш имаат исто мислење. Така е и за кандидатите за претстојните избори.

Откако останала без сопругот кој исто така живеел во домот, тетка Зорка Георгиевска својот живот го гледа токму овде. Политика не ја интересира а правото на глас го смета како граѓанска должност на секој поединец. Сите во домот се согласни дека идниот претседател мора да биде чесен човек.

Според податоците од Избирачкиот список правото на глас во недела во домовите ќе можат да го остварат 71 лице кои потпишале изјава за остварување на правото на глас.

Искра Опетческа

Back To Top