Инцидент на фудбалски натпревар во Волино, има приведени, жителите протестираат

Група навивачи нападнале судија на фудбалски натпревар во село Волино, општина Дебарца. Според информациите од МВР, приведени се неколку лица, а за случајот е известен и јавен обвинител.
Oд МВР потврдуваат дека група навивачи биле незадоволни од одлука која ја донел судијата и го нападнале, по што интервенирала полицијата и неколку лица биле приведени.
Опозициските портали шпекулираа со различни верзии, дека приведувањето било поради веење на знамето со сонцето од Кутлеш, поради скандирање против Преспанскиот договор или поради скандирања „Никогаш Северна“. МВР ги демантираше овие шпекулации.
По приведувањето на навивачите и еден фудбалер од село Волино, група жители ја опколија полициската станица во Охрид и бараат ослободување на приведените.
1tv.mk: Преземањето на авторски содржини обајавени на оваа страница е дозволено само делумно (маx. до 30 насто од содржината) и со ставање хиперлинк до содржината којашто се цитира. Непридржувањето до ова правило ќе значи крадење на информациите и соодветно ќе се санкционира од страна на BMJ Мedia Group, согласно позитивните законски норми.