skip to Main Content
ТОП ВЕСТИ
Германски печат: ЕУ земјите подготвени да ја прифатат само Северна Македонија
Расмусен: Земјите од ЕУ не можат да ѝ ја негираат на Македонија иднината што ја бара
Шекеринска: Земјава за една година направи скок од 23 места во однос на стабилноста
Новата амбасадорка на САД во земјава положи свечена заклетва
Сведок од УБК: До системот за прислушување се пристапуваше и надвор од МВР, од поранешниот Аеро клуб
Министерството за правда ги објави извештаите од надзорот во судовите за АКМИС системот
ОН: Светот до 2050 година ќе брои 9,7 милијарди луѓе
ЗА СЛЕДЕЊЕ НА ПРОГРАМАТА ВО ЖИВО: WWW.LIVE.1TV.MK
ПРОСЛЕДЕТЕ ГИ СИТЕ ВИДЕО СОДРЖИНИ НА YouTube КАНАЛОТ НА 1ТВ
НАЦИОНАЛНАТА ТЕЛЕВИЗИЈА 1ТВ СИТЕ ГЛЕДАЧИ МОЖАТ ДА ЈА СЛЕДАТ НА КАБЕЛСКИТЕ ОПЕРАТОРИ: MAXTV; VIP; TELEKABEL; NEOTEL; ONE.VIP; TOTAL TV

Информирани родители и сигурни вакцини за успешен процес – Разговор со Бајрамовска Мустафа во Студио 1

Информирани родители и сигурни вакцини за успешен процес  – Разговор со Бајрамовска Мустафа во Студио 1
  • 08.01.2019

Од аспект на здравјето на детето, а за мерката на Министерството за забрана невакцинираните деца да се примаат во градинка или идејата да се одвојат од вакцинираните, заменик народниот правобранител Васка Бајрамовска Мустафа објаснува дека родителот има право да биде информиран за тоа што му се нуди на неговото дете. Според неа, тие генерално не се информирани за имунизацијата, за бенефитите или за евентуалните нуспојави од вакцинацијата на децата, поради што уште тогаш им укажале на надлежните министерства да преземат мерки за усогласување на правните прописи од аспект на интерес на детето, односно задолжителната имунизација наспроти барањето во образовните установи да се донесе потврда од матичен лекар за здравствената состојба на детето.

-Навидум изгледа дека е дискриминација, но ако го гледате тоа од аспект на колективното здравство и што треба да се штити, особено во услови како сега, кога е прогласена епидемија, не може да се каже дека мерката не е оправдана, вели Бајрамовска Мустафа.

Како што објаснува, до Народниот правобранител ретко пристигнуваат претставки, туку родителите повеќе бараат совет како да постапат, па затоа решиле да покренат постапка по сопствена иницијатива и ги следат сите надлежи органи од секој аспект, вклучувајќи ја и стручноста.

-Не случајно укажуваме и бараме и поголема информираност и поголем квалитет на вакцините, гарантиран квалитет од земјите на ЕУ, затоа што само преку континуирани мерки, информирање и кампањи со кои ќе успеете навистина да ги убедите родителите дека тоа што се прави е во најдобар интерес на нивните деца, можете да очекувате повратна информација дека тие ќе прифатат вакцинација, изјави Бајрамовска Мустафа.

Таа нагласува разочарувачки податок дека само во скопското подрачје повеќе од 10.000 деца не се вакцинирани.

Целиот разговор погледнете го во видеото.

Back To Top