skip to Main Content

Интересна година за новинарите, ја одбележа Договорот од Преспа – разговор со Костовски и Салиу во Студио 1

Интересна година за новинарите, ја одбележа Договорот од Преспа – разговор со Костовски и Салиу во Студио 1
  • 28.12.2018

Со промените во внатрешната и надворешната политика, колку се смени работата на новинарите во изминатата година? На оваа тема новинарите Јана Јосифоска и Влатко Чаловски разговараат со долгогодишниот новинар и аналитичар Љубомир Костовски и Фуркан Салиу од помладата генерација новинари.

Костовски вели дека поминал многу лоши години, секоја кризна по нешто, така што новинарите се веќе во голема мера отрпнати. За оваа вели дека била година на голема раскрсница, многу неизвесна, но уште на почетокот ни биле поделени добри карти.

-Можевме да сметаме дека сме добиле една многу важна етапа во развојот од осамостојувањето, но дека имаме уште две други скалила што требаше да ги искачиме, проблематични од стартот – референдумот и условувањето на промените на Уставот со оглед на констелацијата на силите внатре, изјави Костовски.

Салиу како новинар известувач вели дека се дише полесно и има подобар амбиент за работа и поголема сигурност.

-Бев и во Преспа. Емотивно е кога третата година како новинар си присутен на таков голем настан како потпишувањето на Договорот со Грција. Многу пати по потпишувањето на Договорот бевме како заложници на двете страни кои се фаќаа за сѐ и сешто, едната да го успори процесот, другата да го забрза. Сепак, тие си имаат свои политички калкулации во кои не би сакал да навлезам, објаснува Салиу.

Целиот разговор погледнете го во видеото.

Back To Top