skip to Main Content

Имунитетот на Груевски во сенка на етичкиот потег на Богоевски – во фокусот на Студио 1

Имунитетот на Груевски во сенка на етичкиот потег на Богоевски – во фокусот на Студио 1
  • 23.05.2019

Денешното Отворено Студио 1 со Елена Милошевска и Антонио Крстевски го отворивме со веста околу претседателот на Комисијата за мандатно-имунитетни прашања, Павле Богоевски кој си поднесе оставка од функцијата пратеник во Собранието на Северна Македонија. На оваа тема известуваше новнарката Искра Опетческа од Собранието на Република Северна Македонија.

-Она што требаше да се претвори во дебата за имунитетот на Никола Груевски падна во сенка поради оставката на Павле Богоевски. Тоа беше причина зошто беше прекината седницата која дополнително ќе биде закажана. Богоевски во своето обраќање кажа дека тоа го прави од морални причини, извести Опетческа.

Во продолжение се потсетивме и на вчерашните разговори со Шада Ислам, директорка за Европа и геополитика во влијателниот тинк-тенк „Пријатели на Европа“ и со Аугустин Паљокај, дописник од Брисел на Јутарњи Лист и Коха Диторе, кои зборуваат за нивните очекувања од изборите.

Погледнавме и дел од гостувањето на гостувањето на д-р- Рубин Земон, етнолог и антрополог и д-р Петар Атанасов  во емисијата „Печат на неделата“ кај уредникот Сашо Ордановски беа кои зборуваа за стратегијата за едно општество за сите.

– Стратегија на Владата едно општество за сите се работеше шест месеци. Не е дефинитивна, ќе се дискутира и наредните месеци. Според Земон во Македонија постои поделеност и малкумина го разбираат овој концепт, додека пак Атанасов истакна дека последните три децении се работеше на модел кој сигурно ќе обезбеди интеграција.

Back To Top