skip to Main Content
ТОП ВЕСТИ
Католиците го слават Велигден
Граѓаните го избираат петтиот претседател, прв на Република Северна Македонија
Охрид, Дебар и Ново Село избираат градоначалници
За победа во прв круг потребни 904.066 гласови, во вториот 723.253
МВР подготвено да обезбеди достојна и безбедна изборна атмосфера
ЗА СЛЕДЕЊЕ НА ПРОГРАМАТА ВО ЖИВО: WWW.LIVE.1TV.MK
ПРОСЛЕДЕТЕ ГИ СИТЕ ВИДЕО СОДРЖИНИ НА YouTube КАНАЛОТ НА 1ТВ
НАЦИОНАЛНАТА ТЕЛЕВИЗИЈА 1ТВ СИТЕ ГЛЕДАЧИ МОЖАТ ДА ЈА СЛЕДАТ НА КАБЕЛСКИТЕ ОПЕРАТОРИ: MAXTV; VIP; TELEKABEL; NEOTEL; ONE.VIP; TOTAL TV

Има ли Скопје визија? – Разговор во Централниот дневник на 1ТВ

Има ли Скопје визија? – Разговор во Централниот дневник на 1ТВ
  • 21.03.2019

Одлуката на Уставен суд да го симне мораториумот за градење во дел од скопските општини ја обедини граѓанската јавност на дебата во Холидеј Ин. Во линковското вклучување во Централниот дневник на 1ТВ, новинарот Христијан Баневски разговараше за визијата за градот со Искра Јанковска Михајловска, архитектка од иницијативата „Здравје пред профит“.

-Нормално дека има разочарување кога организацијата ви се вика „Здравје пред профит“, а Уставниот суд носи одлука според која профитот е пред здравјето, и тоа практично со вакво објаснување. Сигурно нема да престанеме да се бориме за тоа што сметаме дека е исправно. Денеска имавме многу интересна презентација, „Визија за Софија“, град од соседството. Тие ги имаат надминато овие проблеми, веќе размислуваат поинаку и имаат направено Завод за урбанизам, каков што ние сме имале порано. Ни ја покажаа визијата за Софија и како заклучок од овој форум произлезе дека и на Скопје му е потребна визија, а не проекти, вели таа и додава дека борбата ќе продолжи.

Како што објаснува, освен „Визијата за Софија“, била претставена и „Визијата за Тирана“ за 2030 година, двете поддржани и иницирани од власта. Заклучокот на дебатата е дека иако мора да постојат граѓанските иницијативи, во овие два града тоа сепак е потегнато од централната власт.

Целиот разговор погледнете го во видеото.

1tv.mk: Преземањето на авторски содржини обајавени на оваа страница е дозволено само делумно (маx. до 30 насто од содржината) и со ставање хиперлинк до содржината којашто се цитира. Непридржувањето до ова правило ќе значи крадење на информациите и соодветно ќе се санкционира од страна на BMJ Мedia Group, согласно позитивните законски норми.

Back To Top