skip to Main Content
ТОП ВЕСТИ
1ТВ: ММА манипулира дека Основен суд – Скопје 2 и досудил оштета на 1ТВ
Могерини: Северна Македонија и Албанија во јуни треба да ги почнат преговорите со ЕУ
Репортери без граници: Северна Македонија останува на 95-то место според индексот за слобода на медиумите
Неформален состанок на генералните секретари за европски прашања на Грција и Северна Македонија
НАЦИОНАЛНАТА ТЕЛЕВИЗИЈА 1ТВ СИТЕ ГЛЕДАЧИ МОЖАТ ДА ЈА СЛЕДАТ НА КАБЕЛСКИТЕ ОПЕРАТОРИ: MAXTV; VIP; TELEKABEL; NEOTEL; ONE.VIP; TOTAL TV
ЗА СЛЕДЕЊЕ НА ПРОГРАМАТА ВО ЖИВО: WWW.LIVE.1TV.MK
ПРОСЛЕДЕТЕ ГИ СИТЕ ВИДЕО СОДРЖИНИ НА YouTube КАНАЛОТ НА 1ТВ

Има ли Македонија капацитети да се справи со трговијата со луѓе? – разговор во Студио 1

Има ли Македонија капацитети да се справи со трговијата со луѓе? – разговор во Студио 1
  • 12.02.2019

Гости во отвореното Студио 1 со Елена Милошевска и Антонио Крстевски беа Трпе Стојановски, професор на Факултетот за безбедност  и Драги Змијанац од детската амбасада Меѓаши кои зборуваа за трговијата со луѓе и на кој начин Македонија се справува со овој проблем.

-Феноменот на трговија со луѓе е стар колку што е старо и општеството. На почетокот на овој век му се посветува поголемо внимание, особено со Конвенцијата од Палермо се поставија стандарди за препозвање и сузбивање на овој феномен. Република Македонија има усогласени законски решенија во врска со превенцијата и борбата на овој проблем. После конфликтите, регионот беше дестинација на жртви со трговија со луѓе кои беа регрутирани од другите источни европски држави, меѓутоа овој феномен добива во важност и денес можеме да говориме дека жрвтите се и по потекло од Република Македонија, вели Стојановски.

Змијанец зборуваше за жртви на трговијата со луѓе кои се со македонско државјанство.

-Во Македонија сѐ уште се трага по четири исчезнати деца. Трговците на деца секогаш се на чекор пред државите кои сакаат да ги задржат, кои најчесто се киднапирани за проституција, органи или питачење и нелегално посвојување. Во светот на годишно ниво од 7 до 8 милиони исчезнати, во Европа се 250.000. Превенцијата недостасува затоа што во Република Македонија нема број кој е вклучен во европските броеви за киндапирани деца првите 24 часа за да може да се спречи евентуална трговија и нема образовен процес за децата да се учат што е тоа потенцијална жртва или се обчуваат како да се заштитат или да дадат сигнал до органите дека се тргува со нив.

Целиот разговор можете да го погледнете во видеото.

1tv.mk: Преземањето на авторски содржини обајавени на оваа страница е дозволено само делумно (маx. до 30 насто од содржината) и со ставање хиперлинк до содржината којашто се цитира. Непридржувањето до ова правило ќе значи крадење на информациите и соодветно ќе се санкционира од страна на BMJ Мedia Group, согласно позитивните законски норми.

Back To Top