skip to Main Content

Имаат ли САД заштита од руските ракети од среден и краток дострел – анализа во Студио 1

Имаат ли САД заштита од руските ракети од среден и краток дострел – анализа во Студио 1
  • 26.06.2019

Иранскиот министер за надворешни работи, Мохамед Џавад Зариф, го обвини советникот за национална безбедност на САД Џон Болтон за заговор за започнување војна против Иран.

Тој во пораката на Твитер објави линк до статија објавена во 2017 година во магазинот Нешнел Ривју и ги повика да се прочита , како што наведе, рецептот на Болтон за уништување на иранскиот нуклеарен договор.

САД засега немаат заштита од руските ракети што го прекршуваат Договорот за уништување ракети со среден и краток дострел, изјави американскиот амбасадор во НАТО Кеј Бејли Хатчинсон во Брисел.

Изјавата е дадена пред средбата на министри за одбрана од земјите-членки на НАТО на 26-27 јуни.

Според Хатчинсон, САД анализираат можен одговор на прекинот на дејството на Договорот во сферата на конвенционалните оружје.

Лидерот на најголемата албанска опозициска сила, Демократската партија, Љуљзим Баша, ги повика албанските граѓани да ги бојкотираат локалните избори на 30 јуни,додавајќи дека избори нема да бидат признати.

Тој ги повтори, како што рече, двата силни услови на опозицијата за надминување на кризата, а тоа е казна за крадците на гласови и заминувањето на премиерот Еди Рама.

Според него најдобар начин да се забрза падот на Еди Рама е негово напуштање на функцијата.

Анализата на вестите од регионот и светот со колегата Дејан Андоновиќ погледнете ја во видеото:

Back To Top