skip to Main Content

Илјада луѓе ќе учествуваат во преговарачкиот процес, Владата до јуни 2019-та ќе работи на три фронта

Илјада луѓе ќе учествуваат во преговарачкиот процес, Владата до јуни 2019-та ќе работи на три фронта
  • 01.08.2018

До Советот на Европската унија во јуни следната година владата ќе се бори на три фронта. Реформите во четирите најбитни области, скрининг процесот и спроведувањето на должностите од Преспанскиот договор, мора да се заокружат до средината на 2019-та година. Сето тоа треба да биде спроведено во услови на референдум, уставни измени и претседателски избори во првите три месеци од годината.

– И нема да биде лесно. Тоа им го кажуваме и на Брисел и на земјите членки. Дека ќе биде тежок процес во кој што општеството ќе биде фокусирано на неколку важни прашање па моментот ќе биде ангажиран за овие прашања во делот на референдумот, уставните измени и претседателските избори и ќе мора таа агенда на три паралелни процеси да ја вклопиме во оваа веќе зафатена агенда на владата. И се обидувам да ви кажам колку ќе биде комплексно и напорно. Меѓутоа Влада што успеа за една година да затвори три големи политички прашања и да испорача 3-6-9 ќе го направи тоа и во периодот што доаѓа, така да немам дилема дека ќе успееме но ви кажувам дека ќе биде многу комплексен и тежок процес, изјави Бујар Османи.

Османи вели дека целиот процес ќе чини доста пари кои ќе бидат одвоени од буџетот, но најави и зголемување на ИПА фондовите, финансии кои исто така ќе се користат за трошоците кои со себе ги носи скрининг процесот. Во скринингот активно учество ќе земат неколку стотици експерти кои ќе бидат дел од сложената преговарачка структура и работните групи. Посебниот советник на премиерот за евроинтеграции и шеф на техничкиот преговарачки тим со Европската унија, не ја исклучува можноста оваа бројка да се искачи и на илјада лица.

– Тоа бара масовна мобилизација и во институциите и надвор од институциите. Така што, само за поглавјето 23 да речеме имаме три под теми и внатре во нив има уште теми кои што ќе треба д се покриваат. Така што ќе има некои обемни поглавја, некои помалку обемни но сите ќе бараат масовен ангажман на институциите кои што ќе опфаќаат многумина, стотици луѓе, изјави Бојан Маричиќ.

Во целиот процес се предвидени три основни структури. Координативно тело, составено од премиерот неговите заменици шефот на дипломатијата и други министри, со цел утврдување на преговарачките позиции на Македонија. Државната делегација за пристапни преговори со ЕУ ќе ја предводи Османи а негов заменик ќе биде димитров. Третото тело е преговарачката група каде за шеф е поставен Маричиќ под чија одговорност ќе бидат поставени работните групи.

Антонио Крстевски

Back To Top