skip to Main Content

Илина Арсова во „Лица“: Моите желби и предизвици се сконцетнрирани во планините

Илина Арсова во „Лица“: Моите желби и предизвици се сконцетнрирани во планините
  • 21.01.2019

Алпинистката Илина Арсова, единствената Македонка која ги има искачено шестте највисоки врвови беше денешниот гостин во емисијата „Лица“ на Анета Кочишки.  Арсова вели дека нејзините желби се најчесто сконцентрирани во планините, но дека најголемиот предизвик за приклучување на некоја експедиција е финансиски.

-Моите желби и предизвици се сконцетнрирани во планините. Од планинарски аспект искачување на тие врвови не е ништо ново. Од 1985-та година има само 216 луѓе кои го постигнале тоа од кои 70 се жени. Според моите критериуми, најголем предизвик е да искачам уште еден осумилјадарник без кислород и по можност да се спуштам со скии оттаму. Предизвик е и да се излезе на крај финансиски, за да не сум во неизвесност дали ќе се приклучам на некоја експедиција, рече Арсова.

Арсова зборуваше и за нејзиното прво искуство со висока планина во 2006-та година.

-Во 2006 се искачивме на Монт Бланк, тоа беше клучен момент за мене бидејќи беше мојата прва средба со високите планини и не беше воопшто лесно, но знаев дека може да биде полесно доколку повеќе се тренира. Носевме доста тешки ранци, одев со изнајмени чевли, се соочив со дехидратација, не бев навикната дека треба да пиеш многу вода бидејќи нашите органи не работат исто на различна висина. Има едно правило на планина кое што се вика- „Водата е побитна од храна, храната е побитна од спиење“, вели Арсова.

Целиот разговор можете да го погледнете во видеото.

Back To Top