skip to Main Content
ТОП ВЕСТИ
Орце се жалел, а Заев пријавувал за можниот рекет на бизнисмени?
Далгариан: Мицотакис ќе го блокира Скопје, онолку колку што ќе му дозволат НАТО и ЕУ
СИРИЗА: Среќно враќање во реалноста за Нова демократија
Димитров: Европеизацијата на Северна Македонија ќе биде позитивно и за Грција
ЗА СЛЕДЕЊЕ НА ПРОГРАМАТА ВО ЖИВО: WWW.LIVE.1TV.MK
ПРОСЛЕДЕТЕ ГИ СИТЕ ВИДЕО СОДРЖИНИ НА YouTube КАНАЛОТ НА 1ТВ
НАЦИОНАЛНАТА ТЕЛЕВИЗИЈА 1ТВ СИТЕ ГЛЕДАЧИ МОЖАТ ДА ЈА СЛЕДАТ НА КАБЕЛСКИТЕ ОПЕРАТОРИ: MAXTV; VIP; TELEKABEL; NEOTEL; ONE.VIP; TOTAL TV

Изборни калкулации „десните кај левите, левите кај десните“ – Горан Ангелов во Централниот дневник на 1ТВ

Изборни калкулации „десните кај левите, левите кај десните“ – Горан Ангелов во Централниот дневник на 1ТВ
  • 19.02.2019

Во Централниот дневник на 1ТВ гостин беше Горан Ангелов, директорот на Дрисла, кој вели дека кандидатурите на ВМРО-ДПМНЕ за претседателските избори сепак не се своевиден тест за лидерот Христијан Мицкоски, соочен со критиките за одалечување од корените на партијата.

-Не само сегашнава структура, ако ги погледнеме и постапките на минатата влада, имаме многу постапки кои се левоориентирани, популистички, кои во принцип не се на десноориентираните партии. Тешко е во земја каде што економската состојба е катастрофална, без оглед кој ќе биде на власт, да ја води онаа стриктно десноориентирана политика на демохристијанските партии кои се членки на Европскиот парламент, вели Ангелов.

Тој вели дека на претседателските избори ќе ја поддржи Гордана Силјановска иако таа произлегува од поранешните симбиози на СДСМ со центристичките партии. Како што објаснува, политиката во Македонија е измешана, а за тоа го посочува го министерот за надворешни Никола Димитров, кого го посочуваат како можен кандидат на СДСМ, иако потекнува од стриктно ВМРО-вска фамилија. Според него, на партиската конвенција бил очигледен генерацискиот трансфер на нови луѓе, за разлика од Конгресот кога бил биран Мицкоски од една друга генерација.

-Во политиката нема егзактни работи. Сѐ е можно. Гледаме што се случува – левите одат кај десните, десните кај левите. Сите комбинаторики се можни. Сигурно овие избори ќе бидат многу интересни, не само кај македонскиот блок политички партии, туку и кај албанскиот електорат. Ним сигурно не може да им нареди ДУИ или некој друг „еве сега нашите гласови, 150.000, таму ќе ги насочиме“, објаснува Ангелов.

Целиот разговор со него можете да го погледнете во видеото.

Back To Top