skip to Main Content
ТОП ВЕСТИ
(Видео) Со дрон во Скопје откриен потпалувач на оган
Веќе е извесно дека завршница за предметите на СЈО ќе има
Вистиномер.мк: Химната не е отстранета од образовните програми за основците
Анѓушев: Едно семејство не може да живее со 200 евра плата, минималната плата мора да расте

Иднината на археологијата во Македонија – разговор во Студио 1

Иднината на археологијата во Македонија – разговор во Студио 1
  • 25.01.2019

Има ли иднина археологијата во Македонија? На оваа тема Јана Јосифовска и Антонио Крстевски зборуваа со Кристијан Тошевски, дипломиран археолог и Симона Сиљановска претседател на археолошкото здружение Аксиос. Според Тошевски сѐ уште постои надеж.

-Има огромен потенцијал и доколку се отворат повеќе можности археолозите слободно да работат оваа наука ќе добие огромно внимание од општата јавност. Македонија содржи неколку илјадници локалитети, од кои стотина се истражени. Последните години се истражуваат десетина локалитети за кои се очекува да донесат значајни сознанија за културното минато на оваа држава и најрепрезентативните се локалиетот Стоби, Скупи, Скопското кале, Маркова кула и Говрлево.

Сиљановска зборуваше за здружението Аксиос.

Се трудиме да го задржиме успехот на Аксиос но се надеваме дека оваа година ќе биде поуспешна. Во план имаме неколку настани заедно со други здружение како историското друштво, географското друштво. Аксиос има 15 активни членови, рече Сиљановска.

Целиот разговор можете да го погледнете во видеото.

Back To Top