skip to Main Content

ИВЗ со уцени до Владата – ќе истражува ли обвинителството?

ИВЗ со уцени до Владата – ќе истражува ли обвинителството?
  • 22.03.2019

Реисот Сулејман Реџепи во име на ИВЗ вчера адресирал писмо до Владата со кое бара враќање на денационализираниот имот за кој тврди дека како ИВЗ имаат право на сопственост. Писмото денеска го објави Владата со реакција дека во него содржи уцени, закани и ултиматум, за предмети за кои се водат постапки пред надлежните институции. Од владата сериозно размислувале да го известат обвинителството. Во писмото е наведено дека ако не им се исполнат барањата на ИВЗ, меѓу другото ќе ги известат сите надворешни фактори во земјава.

„Пред почетокот на кампањата за Претседателските избори поради големиот притисок од страна на муслиманските верници ќе бидеме принудени да во 700 џамии во земјава ги информираме верниците за оваа долготрајна дискриминација што се врши кон ИВЗ и нејзините членови, со сите последици врз општествените односни во земјава“, се наведува во писмото на реисот Сулејман Реџепи адресирано до Владата.

За Владата ова е неприфатлив начин на обраќање кон државните институции. Укажуваат дека по Устав земјава е секуларна држава и дека нема да никогаш да преземаат чекори со кои би ги манипулирале верските чувства или би се мешале во внатрешните односни на верските заедници.

„Особено важно е да нагласиме дека во мултиконфесионално општество верските граѓански права и слободи се остваруваат преку постојан процес на градење на меѓусебна доверба помеѓу различните конфесии, а не преку ултиматуми, кои како правило на игра доколку го прифатат сите регистрирани верски заедници, сериозно негативно би се одразило врз општествената кохезија“, реагираа од Владата.

Реисот Реџепи го побаравме за коментар, ама преку телефон нѝ тврдеа дека е на состанок. Тој во писмото негодува дека за барањата на ИВЗ биле игнорирани, а МПЦ била фаворизирана и привилегирана. ИВЗ на власата и дава рок од 10 дена за одговори. Реизот Реџепи укажува дека државна нема грижа за одржување на верските објекти, како нерешениот статус на тие во битолското село Лажец, како и со Хусамедин пашината џамија во Штип, но и за реконструкцијата на Али пашината џамија во Охрид. Од владата на реисот Реџепи му порачаа ако тој има сомнежи да се обрати до надлежните органи.

Игор Стефановски

Back To Top