skip to Main Content

Иванов: Очекувам писмен документ за да можам да изградам став (Видео)

Иванов: Очекувам писмен документ за да можам да изградам став (Видео)
  • 19.05.2018

Претседателот Иванов изјави дека ова била првата информација што ја добил за преговорите за името од премиерот Заев и министерот за надворешни Димитров. Очекува тоа што му било пренесено усно да го добие и на писмено за да може да изгради став.

-На овој состанок не изградивме став, туку само ги добивме информациите, рече Иванов

-Очекуваме дека во иднина нема да бидеме селективно и нецелосно информирани, очекуваме барем последниот документ на кој се гради овој предлог што го дава грчката страна да го имаме на увид за знаеме за кои прашања воопшто се разговара, додаде Иванов.

-До сега сум бил принципиелен и останувам доследно да се придржувам на изградените ставови од претходните претседатели на Р. Македонија, а тоа е дека процесот мора да се води во рамката утврдена од ОН и било кој документ мора да биде предмет на разгледување, не само на лидерите на партиите и на државниот врв како денес, туку мора да се консултираат експертите од меѓународното право и односи затоа што видовме во минатото недоследност од грчка страна за документ кој треба да го усвојат и двете страни, објасни Иванов.

Back To Top