skip to Main Content

Иако пред шест месеци не најде апсолутно ништо, АВМУ повторно отвора постапка за скриено сопствеништво во 1ТВ

Иако пред шест месеци не најде апсолутно ништо, АВМУ повторно отвора постапка за скриено сопствеништво во 1ТВ
  • 04.07.2019

Во само шест месеци Агенцијата за медиуми, отвора втора постапка за утврдување на сопствеништвото на 1ТВ. АВМУ очигледно будно го следи секој збор кажан од Бојан Јовановски, па на секој негов јавен настап поврзан со телевизијата, агенцијата отвора нова постапка. Наводно скриено сопствеништво на 1ТВ повторно е на масата пред членовите на агенцијата, иако пред само неколку месеци кога беше отворена иста ваква постапка, АВМУ не најде ништо.

– Лицето Бојан Јовановски во повеќе наврати на неговиот медиум, меѓутоа и на информации пренесени и во други медиуми, јавно изјавува дека е сопственик на телевизијата 1ТВ, што е спротивно на податоците со кои што располага Агенцијата и спротивно на член 34 од Законот за адуио и аудиовизуелни медиумиски услуги со кој што не е дозволено тајно содружништво, односно скриен сопственик, изјави Зоран Трајчевски.

1ТВ е во сопственост на Миле Јовановски и Јасна Мандиќ. Тоа јасно го покажуваат документите, кои се објавени токму на интернет страницата на АВМУ. Овој факт не е во никаква скриена форма. Дополнително, јавно, истото го потврди и Бојан Јовановски, во Отворено студио 1.

Доколку било која институција влезе во било каква постапка да побара од каде се моите средства, како е направена телевизијата, ќе види една кристално чиста состојба. Во телевизијата, сопственик 95% е Миле Јовановски. Јас не сум, поради тоа што мојата трансакциска сметка е блокирана. Блокираната е затоа што на времето сум имал судски спор со „xy“ личност, и од таа причина јас сум блокиран на мојата трансакциска сметка. Сопственик на телевизијата е Миле Јовановски заедно со Јасна Мандиќ, изјави Бојан Јовановски.

Се чини дека доколку 1ТВ не би постоела, Агенцијата не би имала со што друго да се занимава.А дека 1ТВ ги почитува сите пропишани норми и закони говори и фактот што по добивањето на лиценцата за работа иако во редовен работен однос треба да бидат минимум триесет лица, овој број во 1ТВ е двојно поголем. Се наметнува прашањето зошто оваа постапка по втор пат се отвора против 1ТВ, иако телевизијата веќе еднаш покажа и докажа кој е сопственик. Како што го два пати го испитува сопствеништвото на 1ТВ, телевизијата ја охрабрува Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги до крај да го испитаат сопствеништвото и на останатите медиуми во Македонија, и како истото низ годините наназад се менувало.

Back To Top