skip to Main Content

Зиков во Студио 1: Откупот на стаж е добра мерка за решавање на проблемот со јавната администрација

Зиков во Студио 1: Откупот на стаж е добра мерка за решавање на проблемот со јавната администрација
  • 28.01.2019

Гостин во Отвореното Студио 1 беше Љупчо Зиков основач и еден од сопствениците на „Капитал“, кој во разговор со Сашо Ордановски дискутираше на актуелни политички и бизнис теми.

Денес имаше убава вест за сите печатени медиуми, Владата излезе со одлука да додели финансиска помош за сите печатени медиуми по одредени критериуми, а попладнево ВМРО-ДПМНЕ излезе со соопштение дека се сомневаат дела ова е купување на медиумите од власта. Имате ли таков впечаток?

„Во суштина тој проект е за да конкурираат сите весници, да весниците постојат минимум 3 години и притоа не стои каква уредувачка политика ќе водат. Владата побара асоцијацијата на печатени медиуми да изготви предлог проект како да се направи тој конкурс, во таа наша подготовка во рамките на асоцијацијата консултиравме закони од Европа. Тоа што го направивме е прв ваков проект на Балканот, но не и во Европа, каде има држави со долга традиција за помагање на печатените медиуми кои се на удар на новите технологии“.

По решавање на проблемот со името, периодов пред нас е круцијален за спроведување на неопходни реформи, период на вистинска работа, но Зиков го истакна својот сомнеж во однос на капацитетите со кои располага Владата за спроведуавње на реформите.

„Во овој момент гледано што не чека ќе ја изразам мојата резерва, од едноставна причина што 30 години политички елити во Македонија повеќе се криеја зад проблемот за името, се правеа големи политички приказни дека Македонија додека тоа не го реши, не може да оди напред. Ова беше алиби за да се кријат политичките елити. Секое време си носеше свој белег, за сето тоа требаше една завеса, тоа беше проблемот за името. Сега на ред се темите од реалниот живот. Ако ги добиеме преговорите ,следи реформа на катастар, банки, буџет, секојдневието општо, ова се треба да се менува во наредните 5 до 7 години и затоа се неопходно луѓе со капацитет. Ова што денеска го гледаме со чест на исклучоци кога ќе ставиме на кантер во Македонија владее неспремност да се слушнат проблемите“.

Изминатиот викенд Анѓушев и Заев имаа трибина во Велес на која меѓу другото ги споделија впечатоците и искуствата од престојот во Давос.

„Логиката на бизнисот вели дека големите инвеститори бараат држави не за да ни помогнат на нас, туку на себе. Тоа што беше ирационално на Грција до сега е тоа што кај нив не преовладуваше чувство дека ако влезат во суптилни разговори за инвестиции, подобро ќе го решеа проблемот со  Македонија. Но тоа е сепак грчка полита. Сега ќе доаѓаат инвеститори, Македонија е сепак една врата на Балканот“, рече Зиков, кој е критички настроен во однос на администрацијата, истакнувајќи дека е потребно да го смениме менталитетот и да се пронајде начин на кој ќе се спроведат реформите во овој сектор.

„За жал тоа ќе биде реформа за во ЕУ. Тоа е обврска и задача на една влада конкретно, на владата на заев. Реформите се след на закони и мерки. Тоа ќе мора да се направи. Пазарната економија и капитализмот не трпи оправдувања. Едно од малкуте прашања за кој постои тотален консензус е за правата на вработените во јавната администрација. Јас немам фрустрација по тој основ, секоја држава треба да има добра админстрацијха, но ова што се случува е непримерно особено пред избори. Откуп на стаж е добра мерка и најверојатно ќе се случува наредните години. Тоа што мене ме храбри е отпочнување на преквалификација“.

Целиот разговор погледнете го во видеото.

Back To Top