skip to Main Content

Земјоделство на покриви е новиот тренд во Брисел (Видео)

Земјоделство на покриви е новиот тренд во Брисел (Видео)
  • 20.06.2018

Во центарот на густо населениот Брисел, една урбана фарма одгледува марули, домати и други зеленчуци и со тоа храни огромен пазар од свеж и домашен извор.

– Се обидуваме да допреме до различни потрошувачи и да допреме до различни целни групи, за да ја раскажеме нашата приказна и да ја подигнеме свесноста за локалните производи, вели Ноеми Беноа, менаџер на урбаната фарма.

Брисел има цел 30 проценти од зеленчукот што се користи во градот да биде од локалните фарми. Но за сега, само неколку ресторани и бизниси се посветени на целта.

-Некои од нас се обидуваат да создадат групи. Ние би сакале да ги поврземе производителите и продавачите и да се групираме со други производители за да ја олесниме логистиката, вели Аурелиен Амаз од продавницата „Рутс“.

Во Брисел се наоѓа најголемата урбана фарма во Европа, на покрив од 4.000 квадратни метри. Производите ги продаваат во традиционални и во органски супермаркети, од каде што одат директно во домовите на потрошувачите.

Урбаните фарми не само што можат да го намалат сообраќајното загадување туку и да создадат побогат систем на исхрана. Најголемиот предизвик претставува убедувањето на локалните жители да се свртат повеќе кон своите домови и со тоа да ги пронајдат одговорите на прашањата за глобални проблеми.

Back To Top