skip to Main Content

Здружението „Заедно посилни“ потсетува на борбата против ХИВ/сида – разговор во Студио 1

Здружението „Заедно посилни“ потсетува на борбата против ХИВ/сида – разговор во Студио 1
  • 29.11.2018

Утревечер, ден пред Денот за борба против сида кој во светот се одбележува веќе 30 години, во Музејот на современа уметност ќе биде организиран настан за подигнување на јавната свест, кој истовремено ќе биде и донаторски, најави во отвореното Студио 1 Андреј Сених од здружението „Заедно посилни“ за поддршка на луѓето што живеат со ХИВ.

-Ние сме единствено здружение чијшто главен фокус е поддршката, а карактеристично е и дека нашето здружение е основано од самите луѓе кои живеат со ХИВ и помал број блиски поддржувачи, но првенствено е здружение на пациенти, објаснува тој.

Уникатно во услугите за поддршка на „Заедно посилни“ е тоа што има програма за врсничка поддршка, односно обучени лица со ХИВ кои се советувачи и даваат пред сѐ емоционална поддршка, но и совети на лица кои се штотуку дијагностицирани и треба да се справат со најчесто неразумен страв поради предрасудите.

-Утре очекувам дека институциите ќе излезат со точни податоци за бројот на заболени, но колку што знаеме ние, на Клиниката за инфективни болести во моментов се лекуваат околу 220 до 250 лица со ХИВ, а ние на годишно ниво даваме услуги на околу 80, вели Сених.

Целиот разговор погледнете го во видеото.

Back To Top