skip to Main Content
ТОП ВЕСТИ
Денеска во 18 часот седница на ЦО на СДСМ за кадровските промени
Последен ден од изборите во ЕУ, првичните резултати пред полноќ
Од среда започнува пријавувањето за социјална помош во центрите
Торонто влезе во големото НБА финале
ЗА СЛЕДЕЊЕ НА ПРОГРАМАТА ВО ЖИВО: WWW.LIVE.1TV.MK
ПРОСЛЕДЕТЕ ГИ СИТЕ ВИДЕО СОДРЖИНИ НА YouTube КАНАЛОТ НА 1ТВ
НАЦИОНАЛНАТА ТЕЛЕВИЗИЈА 1ТВ СИТЕ ГЛЕДАЧИ МОЖАТ ДА ЈА СЛЕДАТ НА КАБЕЛСКИТЕ ОПЕРАТОРИ: MAXTV; VIP; TELEKABEL; NEOTEL; ONE.VIP; TOTAL TV

За кого ќе гласаат Албанците – анализа во Студио 1

За кого ќе гласаат Албанците – анализа во Студио 1
  • 18.04.2019

Пред претседателските избори, се поставува прашањето како ќе се позиционираат албанските гласачи. Се очекува во првиот круг да го дадат својот глас за Блерим Река или за Стево Пендаровски. И во досегашните претседателски избори Албанците имале свои кандидати, но политички феномен на подолготрајни патеки во идните македонско-албански односи е тоа што првпат се формира изборна коалиција меѓу македонска и албанска партија. Интересно е да се види дали меѓу албанскиот електорат ова ќе прерасне во судир меѓу Села, Река и Ахмети и како ќе влијае тоа на идните коалиции.

-Судирот е поинаков и мислам дека тоа е позитивна еволуција на целата наша демократија, бидејќи веќе ги напуштаме тврдокорните националистички концепти на политичките партии да настапуваат со таков жаргон и со таква платформа. Веќе имаме и од страна на македонските политички партии, повеќе од страна на СДСМ отколку од ВМРО-ДПМНЕ, но и нивниот кандидат Силјановска како на некој начин благо да се дистанцира од реториката на партијата со тоа што партијата не ги повикува Албанците да гласаат за неа, но таа упорно се обидува колку што и дозволуваат можностите, не сакајќи премногу да ја напушта програмата на ВМРО-ДПМНЕ, да покаже колку е блиска со Албанците. Но тоа многу повеќе се гледа кај Стево Пендаровски, кој упорно ги брани тезите на власта, кои не велат дека нешто се прави поради договор со коалицискиот партнер, туку дека СДСМ навистина сака да им покаже на албанските гласачи дека и тие се грижат за албанскиот интерес, вели аналитичарот Љатифи Шптим.

-Имаме парадокс кој се појавува пред речиси секои избори, за несреќа на тие кои сакаат да го заземат местото на ДУИ и за среќа на ДУИ. Тие цело време работат против себе и кога ќе дојдат изборите други ја спасуваат. Ја спасуваат опонентите со лошите политики. Сега мора да знаеме дека ситуацијата е под мониторинг на важните сегменти поврзан со геополитиката кај нас. Ако тоа се игнорира со игри за кои веруваат дека ќе донесат политички или друг, личен или партиски профит, со тоа пред меѓународниот фактор, а и пред внатрешната јавност која знае да ги прочита состојбите, паѓате на испит. Наместо партијата на Села да излезе со уште поавансиран предлог во однос на ДУИ која е девалвирана, тоа што го прави ДУИ и игра во интерес на геополитиката, мирот во регионот и продолжување на реализацијата на Преспанскиот договор, вели универзитетскиот професор Мерсал Биљали.

Целиот разговор можете да го погледнете во видеото.

1tv.mk: Преземањето на авторски содржини обајавени на оваа страница е дозволено само делумно (маx. до 30 насто од содржината) и со ставање хиперлинк до содржината којашто се цитира. Непридржувањето до ова правило ќе значи крадење на информациите и соодветно ќе се санкционира од страна на BMJ Мedia Group, согласно позитивните законски норми.

Back To Top