skip to Main Content

За големината и чудата на светицата – гостин во „Лица“ Алојз Гомбар, еден од последните преживеани роднини на Мајка Тереза

За големината и чудата на светицата – гостин во „Лица“ Алојз Гомбар, еден од последните преживеани роднини на Мајка Тереза
  • 06.05.2019

Новото издание на емисијата „Лица“ со Анета Кочишки беше во пресрет на посетата на папата Франциск на Република Северна Македонија. Прилика за средба со папата ќе има Алојз Гомбар, еден од последните преживеани роднини на Мајка Тереза, човекот кој е нејзин единствениот правен наследник.

Приказната за семејството Гомбар е многу интересна. Станува збор за многу богато скопско семејство.

Мојата мајка и Мајка Тереза се први братучетки. Мојата баба и  татко и на Мајка Тереза се брат и сестра, но и фамилијарно многу блиски. Семејството, и нашето и на Мајка Тереза е 350 години занаетчиско – златари и филигранисти. Порано се работело со филигран, за подоцна да се работи со злато, така што делот и од Мајка Тереза што е, мајка и, била побогата од татко и. Живееле и имале големи пространства, земјиште и биле како сопственици на големо земјиште во Косово.

– Во меѓувреме владее колера и мајката и таткото на Мајка Тереза доаѓаат во Скопје. Таткото се запознава со некој доктор и со него почнува да работи со лекови, со тутун и злато. Се тргувало од Скопје до Александрија. Милосрдитето Мајка Тереза го добива од својата мајка. Она била многу милослива и стално кога се правело ручек се варело со казани за сиромашни. Тоа го дознав кога дојде Мајка Тереза овде. Помошта и духот кон сиромашните останува и кај неа. Таа била одлучен ученик, оди и во црковниот хор каде што учествуваат сите, кој со труба, кој со виолина….

Гомбар во „Лица“ говореше и претстојната посета на папата и за радоста за средбата со него.

-И првата средба со папата беше возбудлива и ја имав ја имав токму кога Мајка Тереза беше прогласена за светица. Втората ќе биде иста таква, затоа што со радост го очекувам и јас и мојата цела фамилија. Среќни сме, доаѓа во правиот момент, го очекувавме долго време.

Разговорот во „Лица“ со Алојз Гомбар погледнете го во видеото:

Back To Top